Македонија
Рикер: Балканот е душата на Европа
Каде се наоѓа регионот сто години по Првата балканска војна?, беше темата на којшто американскиот заменик-помошник државен секретар Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Република Македонија, синоќа расправаше пред студентите на Американскиот универзитет.
Каде се наоѓа регионот сто години по Првата балканска војна?, беше темата на којшто американскиот заменик-помошник државен секретар Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Република Македонија, синоќа расправаше пред студентите на Американскиот универзитет. „Балканот е душата на Европа. Нема обединета Европа без негово целосно интегрирање“, рече Филип Рикер, подвлекувајќи дека на бројните средби со лидерите од регионот, откако е на сегашната функција, им порачал дека нема алтернатива на евроатланската интеграција, пренесува Гласот на Америка. „Колку повеќе земјите на Балканот стануваа стабилни, просперитетни демократии и дел од европското семејство, толку повеќе ќе бидат наши партнери во справувањето со предизвиците, но со и можностите на 21-от век“, кажа поранешниот амбасадор на САД во Македонија. Регионот има постигнато голем напредок и тоа е сé повидливо, оценува Рикер„Земјите кои беа конзументи на безбедноста, на нашите армиски напори пред само 10-15 години, денес произведуваат безбедност и го делат со нас товарот во Авганистан и на други места во светот“, смета американскиот заменик-помошник државен секретар. Според Рикер, САД ќе помогнат во поддршката на мултиетничките општества. Тој додал дека гласот на граѓаните, а не на политичарите, треба да ја определи европската иднина. „Не е точно дека САД се сé помалку активни и ангажирани во регионот“, одговорил Рикер на прашање од студент, коментирајќи дека Европа треба да го има последниот збор во решавањето на идните предизвици на Балканот, а не САД. Според Рикер, САД никогаш во историјата не поддржувале создавање на големи етнички држави во регионот. Не постојат етнички чисти држави во Балканот, а тој што го тврди тоа, не ја зборува вистината, рече вишиот дипломат на Стејт департментот./крај/воа/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

