Македонија
Рикер ги осуди инцидентите во Македонија
Оние кои напаѓаат деца, ученици, навистина се најголемите кукавици, потенцираше поранешниор амбасадор на САД во Македонија Филип Рикер одговарајќи на прашањето за последните инциденти во Македонија што ја зголемија меѓуетничката напнатоство земјата, пренесува Гласот на Америка.
Оние кои напаѓаат деца, ученици, навистина се најголемите кукавици, потенцираше поранешниор амбасадор на САД во Македонија Филип Рикер одговарајќи на прашањето за последните инциденти во Македонија што ја зголемија меѓуетничката напнатоство земјата, пренесува Гласот на Америка.Балканот и натаму е приоритет за американската влада, а патот до стабилност и просперитет е преку евроатлантската интеграција, резимираше заменик-помошникот државен секретар Филип Рикер на брифингот за ситуацијата во регионот што денес се одржа во Центарот за странски новинари во Вашингтон.„Ги повикуваме сите страни да останат смирени. Треба да се постапи согласно законот, властите да ги утврдат фактите што се случило и да се спроведе законскиот процес“, рече поранешниот амбасадор на САД во Македонија.Запрашан, пак, дали САД и другите НАТО-сојузници би извршиле притисок врз Грција да се согласи на прием на Македонија под референтното име, така што земјата уште на самитот во Чикаго би влегла во Алијансата, Рикер коментираше: „Особено сакаме Македонија да стане целосна членка на НАТО и во тој однос, ние, а мислам и сите сојузници, би сакале што е можно поскоро да се реши прашањето на името со Грција“.Вишиот дипломат на Стејт департментот ја пофали неодамнешната средба на премиерите на Грција и Македонија, побара натамошни средби и дијалог со посредство на ОН, рече дека Вашингтон веќе подолго време смета дека решението е можно и заклучи дека тоа ќе биде од интерес не само на луѓето од двете земји, туку и на целиот регион. /крај/воа/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

