Македонија
Во Тетово украдено македонското знаме од Теќето, продолжуваат тепачките
Во петокот околу пладне, засега непознат сторител го украл македонското знаме кое било поставено во комплексот Арабати Баба Теќе во Тетово, поставено на Бектешката заедница во Република Македонија – Света Столица Тетово, соопштија од СВР Тетово каде што ноќеска се пријавени уште неколку насилства.
Во петокот околу пладне, засега непознат сторител го украл македонското знаме кое било поставено во комплексот Арабати Баба Теќе во Тетово, поставено на Бектешката заедница во Република Македонија – Света Столица Тетово, соопштија од СВР Тетово каде што ноќеска се пријавени уште неколку насилства.Во Тетово во текот на петокот и ноќта кон саботата продолжува серијата улични насилства во коишто се инволвирани претежно млади лица.Околу 1.40 часот во саботата две 23-годишни момчиња во тамошната полициска станица пријавиле дека додека се движеле по улицата „Маршал Тито“ биле пресретнати и без повод и причина физички нападнати од шест-седум лица, на возраст меѓу 20 и 25 години.Тетовската полиција синоќа, исто така, регистрирала и нарушување на јавниот ред и мир, кога нејзин припадник бил спречен во извршувањето на службено дејствие, при што бил физички нападнат со тврд предмет во пределот на главата, при што му била расечена левата аркада. Еден од напаѓачите бил идентификуван како 23-годишен жител на Тетово, по кого се трага како и подругите напаѓачи на полицаецот.Во петокот во приквчерните часови во Тетово две 16-годишни девојки на улицата „Гоце Стојчевски“, биле пресретнати од група лица на возраст од околу 18 години, при што на разминување едно момче од групата, без повод и причина физички нападнало едно од девојчињата, удирајќи ја со нозе и раце и навредувајќи ја. Доцна вечерта во петокот, пак, околу 23 часот полициската станица од селото Групчин добила повик од вработен на наплатната рампа кај селото Желино и пријавил дека околу додека бил на работно место, физички бил нападнат од страна на две лица, коишто не ги пуштал да ја мината рампата без да платат патарина.Иако од Министерството за внатрешни работи, не се наведува националноста на инволвираните во инцидентите, жители на Тетово велат дека станува збор за конфронтирања со меѓуетничка заднина./крај/мвр/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

