Македонија
ЛДП бара од претседателот Иванов да го свика Советот за безбедност
Бидејќи ниту од премиерот Никола Груевски, ниту лидерот на коалициската владејачка ДУИ, Али Ахмети, досега не видовме „никаков конкретен чекор за смирување на крајно нарушените меѓуетнички односи кои претставуваат закана за дестабилизацијата на земјата“,
Бидејќи ниту од премиерот Никола Груевски, ниту лидерот на коалициската владејачка ДУИ, Али Ахмети, досега не видовме „никаков конкретен чекор за смирување на крајно нарушените меѓуетнички односи кои претставуваат закана за дестабилизацијата на земјата“, бараме итно Претседателот на државата да свика седница на Советот за безбедност за да се спречи натамошна ескалација на инцидентите, рече Роза Топузоска-Каревска, член на Извршниот одбор на опозициската вонпарламентарна Либерално- демократската партија:„Последните два дена по непосакуваните инциденти во автобусите 58 и 57 , наместо смирување, се соочуваме со разгорување на меѓуетничките односи кои веќе заземаат загрижувачки размери. Во изминатава ноќ имаме десетина регистрирани инциденти , како што се во градски парк, на Рузвелтова, во Шутка, кај Чаирчанка, во Тетово … За жал, според наши информации бројот на инцидентите бил значително поголем“, рече поранешната пратеничка на ЛДП на прес-конференцијата во саботата во Скопје.Зголемениот број на режирани инциденти, според Топузоска-Каревска, го потврдиле мислењето во ЛДП оти станува збор за „вешто осмислен проект“. „Меѓутоа, отсуството на желба и непреземање енергични мерки за смирување на инцидентите, ги потврдува сомневањата дека неслучајно е избран периодот непосредно пред самитот на НАТО, во време кога премиерот, како што јавуваат некои медиуми, при последната средба со неговиот грчки колега го ставил предлогот за менување на името на маса“, рече Топузоска-Каревска.Според неа, зголемената меѓуетничка тензија и предлозите за новите имиња на улиците во Скопје со етнички предзнак, албански од едната страна и македонски од другата страна на Вардар, „никако не одат во насока на соживот и градење на меѓусебна доверба, туку напротив кон поделба на Македонија“.Топузоска-Каревска, притоа, ги обвини своите колеги поолитичари од времето го трошеле на меѓусебни обвинувања наместо на нудење на решение за надминување ваквата ситуација. „Веќе видените констатациите и жалењата на министерката за внатрешни работи не можат да ја смират состојбата и враќањето на безбедноста на граѓаните“, заклучи членот на раководството на ЛДП./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

