Македонија
НАТО командантот Ставридис во посета на Македонија
Во вторник во 13 часот, македонскиот министер за одбрана, Фатмир Бесими, ќе се сретне со адмирал Џејмс Ставридис, командант на Сојузничката команда на НАТО за операции.
Во вторник во 13 часот, македонскиот министер за одбрана, Фатмир Бесими, ќе се сретне со адмирал Џејмс Ставридис, командант на Сојузничката команда на НАТО за операции.Адмирал Џејмс Ставридис во сред аи четврток (13-ти и 14-ти март) ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, кога ќе се сретне и со Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи, Никола Поповски.Здружена команда за операции е одговорна за од НАТО предводените операции, а нејзината мисија е да подготвува, планира и да извршува операции со цел да се достигнат политичките цели на Алијансата. Воедно, таа е стратешка команда која под себе има потчинети оперативни команди./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

