Македонија
Приведен еден од напаѓачите во „Ѓорче Петров“
Приведен е еден од напаѓачите за инцидентот што се случи во саботата кога беше претепан шеесет и шестгодишен скопјанец во населбата „Ѓорче Петров“, соопшти МВР.
Приведен е еден од напаѓачите за инцидентот што се случи во саботата кога беше претепан шеесет и шестгодишен скопјанец во населбата „Ѓорче Петров“, соопшти МВР.
Дваесет и тригодишниот напаѓач бил приведен во полициската станица „Карпош“, каде нападнатиот го препознал и идентификувал дека тој бил еден од групата која го нападнала.
Според информациите на МВР, напаѓачот не бил евидентиран во крим евиденцијата на СВР Скопје.
Инцидентот се случи во саботата околу 19,30 часот на кејот на реката Вардар во непосредна близина на Европската очна клиника во Ѓорче Петров.
Додека скопјанецот се шетал со неговиот пријател по пешачката патека од пешачкиот мост на реката Вардар, поголема група, меѓу кои и приведениот, го нападнале и почнале да го удираат со тап предмет по главата, рацете, нозете и телото.
Неговиот пријател кога видел дека групата доаѓа на кај нив избегал и успеал да се спаси, но нападнатиот завршил во болница.
СВР Скопје продолжува да работи на целосно документирање на случајот и на откривање на други лица инволвирани во насилството./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај низ државата по влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка и Ѓавато
Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија. Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато, извести АМСМ.
Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот сообраќај се одвива нормално. Од 12 часот отпочнати се блокади и на ГП Деве Баир, ГП Делчево и ГП Ново Село, велат од АМСМ.
Сега засега блокиран е само сообраќајот за ТТВ за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на Попова Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Карпош и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани прекини и тоа:
– во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците на улицата Ордан Поп Јорданов. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата Римска. (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен дожд
Претпладне променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

