Македонија
Хулиганство и национализам на мечот Лирија – Куманово
Во текот на кошаркарскиот меч меѓу Лирија и Куманово, кој заврши доцна навечер во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, полицијата регистрираше повеќе слуачи на насилство и недолично однесување, а било пронајдено и оружје.
Кошаркарите на Лирија во петокот навечер последни изборија пласман во полуфиналето на завршниот турнир во купот на Македонија. Лирија во последниот четвртфинален натпревар го совлада Куманово со 90:85.
За време на натпреварот било предизвикано насилство и недостојно однесување, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, чии припадници присутни во значителен број обезбедија да не дојде до поголеми инциденти.
Во хулиганството учествувале и двете навивачките групи, односно „Ребели“ на КК „Лирија“, и „Кумани“ на КК „Куманово“. И од двете страни беа пеени песни и меѓусебно си дофрлуваа слогани, кои предизвикуваат и поттикнуваат омраза и насилство врз основа на расна, национална и верска припадност.
Навивачите од Куманово палеа пиротехнички средстава, попопуларни како „бакљи“, а од страна на навивачката група „Ребели“ во повеќе наврати како провокација беше истакнувано знамето на Република Албанија.
Полицијата против 18-годишен навивач од Куманово и 30-годишен навивач од Скопје ќе поднесе пријави поради омаловажување на полициски службеник. Кај скопјанецот, притоа, бил пронајден нож.
Соодветна пријава ќе биде поднесена и против организаторот на натпреварот, согласно Законот за спречување насилство и недостојното однесување на спортските натпревари и Законот за прекршоците против јавниот ред и мир./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

