Македонија
Беџети: “Реформите во судството сигурен пат кон ЕУ и НАТО“

Во Врховниот суд на Република Македонија беше одбележан Денот на правосудството. На свеченоста присуствуваа судии, врвот на судските раководства и министерот за Правда.
Независноста на судскиот систем е основен столб на правниот поредок заснован врз принципот на владеење на правото и функционирање на правната држава. Остварувањето и заштитата на човековите права во секое демократско општество се поврзани со ефикасноста на судството како самостојна власт во правниот систем на државата, истакна Беџети.
Најновите статистички податоци покажуваат дека судовите се поефикасни и со поголема доверба од граѓаните истакна министерот Беџети и додаде дека спроведувањето на реформите е сигурен пат кон ЕУ и НАТО./крај/мф/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Османи: Обвинувањата за коалиција со Левица се очајнички обиди

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, ги оцени како очајнички обвинувањата дека ДУИ наводно има коалиција со Левица. Тој изјави дека ваквите конструкции се обид на ВЛЕН да подготви оправдување за можен изборен пораз.
Османи нагласи дека ДУИ настапува обединето преку Националната алијанса за интеграција, која, според него, ја претставува волјата на мнозинството Албанци.
Тој порача дека изборите на 19 октомври се „судир меѓу два концепта – достоинството на Албанците или нивната подреденост“, и најави дека ДУИ ќе продолжи со позитивна и програмска кампања.
Македонија
Меџити најави изградба на Територијална противпожарна станица во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на ВЛЕН, Изет Меџити, денеска ја најави изградбата на нова Територијална противпожарна станица во срцето на општината.
„Брзата интервенција спасува животи. Оваа станица не е луксуз, туку животна потреба и директна инвестиција во безбедноста и благосостојбата на граѓаните,“ изјави Меџити.
Проектот предвидува модерен објект од 750 м², три противпожарни возила и 12 професионални пожарникари, обучени за интервенции на секој терен.
Меџити им се заблагодари и на членовите на Доброволното противпожарно друштво „Бајрам Мифтари“, кое со години претставува важен столб на јавната безбедност во Чаир и пошироко.
„Чаир заслужува модерна инфраструктура и сигурни услуги. Оваа станица значи повеќе спасени животи, помалку штети и поголема институционална одговорност,“ заклучи тој.
Македонија
Манасиевски: Мојсоска од Левицата си инкасирала над 600 илјади денари од партијата додека ги напаѓала колегите за патни трошоци

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција обвини дека пратеничката Маја Мојсоска од Левица за четири години добила над 600 илјади денари од сопствената партија, иако во јавноста жестоко ги критикувала колегите за патни трошоци.
„Лицемерието на Мојсоска и Левица не престанува, тие се тотално демаскирани. Продаваат скромност и неподмитливост пред народот, а позади нивниот грб ги полнат сопствените џебови“, изјави Манасиевски.
Тој истакна дека во периодот од 2021 година до денес, Мојсоска од партијата инкасирала повеќе од 600 илјади денари, иако во Собранието ги напаѓала колегите пратеници за законските патни трошоци што ги добиваат.
„Врз кој основ ги добила Мојсоска овие пари? Дали овие пари се партиски патни трошоци? Колкаво е лицемерието на Мојсоска и Левица – да ги напаѓа колегите пратеници, а од другата страна од сопствената партија да зема над 600 илјади денари?“, праша Манасиевски.
Тој додаде дека, според него, и Мојсоска и Левица се „прочитани пред јавноста“.