Македонија
Бесплатни аранжмани за Гетеборг за 500 Македонци
Агенцијата за млади и спорт и компании спонзори организираат бесплатен аранжман за следење на натпреварите на македонската ракометна репрезентација на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Лондон, кој ќе се одржи во Гетеборг, Шведска од 6 до 8 април 2012 година.
Предвиден е организиран аранжман за 500 лица, од кои 400 лица ќе бидат избрани по пат на лотарија, а 100 лица ќе бидат претставници на навивачките групи од Македонија.
Лицата кои сакаат да конкурираат за избор преку методологијата на лотарија, треба да поднесат електронски пријави на веб страницата www.ovaemakedonija.mk каде постои унифициранa апликација за конкурирање.
Во рамките на апликацијата на пријавата, заинтересираните лица треба да ги поднесат следните податоци: име и презиме, број на патна исправа-пасош, контакт телефонски број и email адреса.
Процесот на конкурирање започна синоќа и ќе трае до утре до 18:00 часот. Извлекувањето на лицата кои конкурираат за добивање на аранжманот и учество во навивачката експедиција ќе се изврши во рамките на специјално организирана емисија на Македонската радио-телевизија која ќе се емитува утре на првиот програмски сервис со почеток во 20:00 часот.
Аранжманот вклучува бесплатна карта за организиран автобуски превоз на релација Скопје – Гетеборг , бесплатен престој во сместувачки капацитети во Гетеборг, Шведска, кое вклучува две ноќевања со појадок и бесплатни влезници за натпреварите кои македонската ракометна репрезентација ќе ги одигра со Унгарија, Шведска и Бразил./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).
Македонија
Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница
По повод 5 Ноември, Светскиот ден на ромскиот јазик, претседателката Сиљановска-Давкова, денеска прими претставници на Ромите: средношколци од Скопје, медиумски и просветни работници, како и поети.
Соговорниците постигнаа консензус за потребата од кодификација на ромскиот јазик, отворање катедра за ромски јазик и овозможување на учениците Роми, да го изучуваат ромскиот јазик не само во училиштата во Скопје, туку и ширум републиката.
На настанот беше прочитан дел од предговорот од првата ромска граматика од Шаип Јусуф. Исто така, беа прочитани стихови од делото „Бели патишта“ на авторот Селим Азис. Авторот Сафет Камбер прочита стихови од делото ,,Слово на душата”, меѓу кои: „Kana ka dikhe chorole sijam, numaj ki atma phiravaja barvalipe. Kamipe bizo sharti isi amen thaj sakoneske daja ole“. („Сиромашни сме по изглед, но во душата носиме богатство. Љубов безусловна имаме и секому ја даруваме”).
Претседателката изрази особено задоволство што првата граматика на ромски јазик, којашто е од непроценлива вредност за милиони Роми ширум светот, е создадена на македонско тло од професорот Шаип Јусуф.
Таа упати порака учениците да си го сакаат, почитуваат и учат ромскиот јазик, како незаменлива ромска татковина.

