Македонија
Бесими од утре во посета на САД, средба со Панета
Министерот за одбрана Фатмир Бесими од вторник ќе престојува во посета на Соединетите Американски Држави, информираат од Министерството за одбрана.
Предвидено е Бесими да се сретне со секретарот за одбрана на САД Леон Панета.
„Се очекува во разговорите да стане збор за плодната билатерална соработка во областа на одбраната меѓу двете земји, а воедно недвосмислено ќе биде потврдена и заложбата на државата за имплементација на континуираните реформи во сферата на одбраната и на безбедноста, како и заложбата за комплетирање на процесот за евроатлантско интегрирање“, информираат од МО.
Во Пентагон ќе бидат разменети и мислења поврзани со очекувањата од претстојниот самиот на НАТО во Чикаго и интеграциите на Македонија во Северноатланската Алијанса.
Министерот Бесими ќе ја предводи делегацијата од Министерството за одбрана на Македонија на Годишните билатерални одбранбени консултации со САД на кои ќе се разговара на повеќе теми од взаемен интерес, како и за концептот „паметна одбрана“, транзицијата на мисијата во Авганистан и регионалната соработка.
Во рамки на работната посетата министерот Бесими ќе се сретне со гувернерот на Вермонт, ќе оствари дополнителни средби во Парламентот на оваа сојузна држава, а ќе го посети и Универзитетот на Вермонт – Норвич.
Во рамките на посетата на Вермонт, министерот Бесими и делегацијата ќе учествуваат на Конференцијата за професионален развој во организација на Бирото на Националната гарда на Вермонт.
„Преку серијата активности и разговорот меѓу Панета и Бесими се очекува да се потврди стратешкото партнерство меѓу Република Македонија и САД“, велат од МО. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

