Македонија
И Вселенскиот патријарх слушна за чудото во „Св. Димитрија“
Чудото во скопската црква „Св. Димитрија“ била една од темите за кои во вторник разговарале претседателот Ѓорге Иванов и вселенскиот патријарх Вартоломеј на средбата во Цариградската патријаршија во Истанбул.
Покрај пораките за православно единство, Иванов и Вартоломеј разговарале и за црковниот проблем со кој се соочува Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
„Црковните прашања си ги решаваат црквите. Ние сме политичари и сме ограничени со мандат. Црковните прашања кај црквата немаат ограничувања и тоа е процес кој ме радува што тече и кога тогаш црквите ќе си го најдат своето решение“, изјави Иванов.
Вселенскиот патријарх, од своја страна истакнал дека оти неговите мисли, молитви и ангажман се во насока за надминување на братските недоразбирања и постигнување православно единство.
Иванов престојува во Истанбул поради учество на Конференција на Алијансата на цивилизации, и на 15-от Евроазиски економски форум. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

