Македонија
Јанкулоска: Немаме доказ дека Јакимовски е поврзан со „Детонатор“
До овој момент немаме доказ или потврда за евентуална инволвираност или поврзаност на сега веќе поранешниот директор на затворот „Идризово“, Тони Јакимовски со криминалната група која беше уапсена во акцијата „Детонатор“, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
„До овој момент ние немаме доказ или потврда за евентуална инволвираност или поврзаност со конкретната операција „Детонатор“, меѓутоа, како што претходно информиравме, операцијата продолжува. Јас не би сакала да шпекулирам за евентуално проширување на кривичната пријава, посебно заради фактот што сè уште се работи на овој случај“ изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Таа ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека во акцијата не се апсат лицата кои биле на самиот врв во хиерархијата на криминалната група којашто вршеше терор во источна Македонија.
„Не е прв пат опозицијата кога има недостаток на идеи да застане на страна на криминалот или да не ги поздрави полициските операции и акции, така што ние веќе навикнавме на еден таков однос на опозицијата која преферира правдата да ја бара со протестирање пред судовите, наместо низ институциите. Но, тоа е нивен политички избор и јас не би го коментирала нивното однесување во таа смисла, меѓутоа по однос на јавноста, односно граѓаните, оваа операција нема да застане сè додека не биде разоткриен и последниот инволвиран во нелегалните активности“ изјави Јанкулоска.
Јакимовски беше сменет на вчерашната седница на владата, заедно со директорот на кумановскиот затвор.
Официјално, причината за неговата смена е поради тоа што му истекол шестмесечниот мандат. Јакимовски негира дека неговата смена е поврзана со обвинувањата на опозицијата дека е поврзан со „Детонатор“.
Во меѓувреме уапсен е и поранешниот, сега веќе пензиониран командир на кочанската полиција, Ванчо Тодоровски под сомнение дека ја злоупотребил службената положба и овластувања во врска со случајот „Детонатор“. Досега беа разрешени 16 командири на полициски станици во источна Македонија
Јанкулоска денеска се сретна со баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

