Македонија
Засадени млади садници по повод 20-годишниот јубилеј на АРМ
Млади садници во форма на бројот 20 во четврток беа посадени пред зградата на Министерството за одбрана на Генералштабот во рамки на одбележувањето на јубилејот „20 години АРМ“.
Во своето обраќање пред присутните Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески истакна дека со засадувањето на млади садници припадниците на АРМ оставаат жив белег за навршувањето на дваесет години на АРМ, но и почетокот на развојот на една нова, современа армија во чии редови се наоѓаат припадниците на сите етнички заедници. Тој истакна и дека засадените стебла во иднина ќе сведочат за негувањето на култот на војничката професија, за посветеноста и професионалноста, но и дека ќе бидат поттик за уште поголеми успеси и дострели на идните генерации на АРМ.
Стебла засадија и заменик-началникот, генерал-мајор Насер Сејдини, активните и пензионирани генерали на АРМ, високи претставници министерството и воените аташеа акредитирани во Македонија.
По истиот повод истовремено на посебни локации во девет касарни на АРМ низ државата беа засадени по дваесет садници. Во касарните, овој настан беше збогатен и со присуството на првите регрути на АРМ, кои пред дваесет години зачекорија први во касарните на самостојната армија. Покрај садењето на млади садници, со нив беше организирана обиколка на полигоните и вежбалиштата, присуство на обуката, како и спортски натпревари и заеднички ручек. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

