Македонија
Кацин: Што побргу да се расветли петкратното убиство
Свирепото убиство на петтемина македонски граѓани мора да биде што побргу расветлено, повикува словенечкиот европратеник Јелко Кацин.
Ги поздравува напорите на министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за истрагата да вроди со плод и бара на инцидентот да не се гледа низ етничка призма.
„Неопходно е да се утврди кој е одговорен за ова страшно злосторство со што ќе се избегне атмосфера на несигурност и недоверба. Македонските лидери и државните органи мораат да направат се што ќе спречи избувнување на етнички судири. Ниту една етничка заедница нема врска со ова злодело. Убијците имаат име и презиме и тие мораат да бидат идентификувани“, вели Кацин.
„Овој страшен злочин е трагичен потсетник колку напредокот во интеграцијата и членството во ЕУ и НАТО му се потребни на македонското општество. Меѓуетничките судири во Македонија никогаш повеќе не смеат да се повторат. Политичката и економската рамка на ЕУ би бил скапоцен и клучен придонес за стабилноста во Македонија и целиот западен Балкан“, вели словенечкиот европратеник во својата писмена изјава. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се запалил оџакот, а од него и покривот во домот за стари лица во Кавадарци, евакуирани сите станари, од кои пет биле неподвижни
Триесет лица, од кои пет неподвижни, се евакуирани од домот за стари лица, што се запали во селото Чемерско, Кавадарци.
Според првичните информации, првин се запалил оџакот, а од него и покриовот на домот.
Сите 30 станари во доморт се живи и безбедно извлечени од објектот што бил зафатен од пожарот и ќе бидат сместени во Општата болница во Кавадарци, соопшти Центарот за управување со кризи.
Пожарот го гаснеа 10 пожарникари со 3 противпожарни возила. На терен има уште 3 медицински тима и 2 полициски возила со 8 полицајци.
Македонија
Нема посериозно повредени во пожарот во домот за стари лица во Чемерско, според Јанчев
Сите пациенти се транспортираат од опожарениот дом од село Чемерско кон Кавадарци, информира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, откако од страна на надлежните утрово беше објавено дека пожар го зафатил старскиот дом во кавадаречкото село.
„Во моментот ги сместуваме сите пациенти од домот за стари лица во селото Чемерско. Во делот на бројната состојба, тоа се 30-ина лица, од кои 10 пациенти се во потешка состојба“, вели Јанчев.
Појасни дека градот е организиран во делот на брзата помош во соработка со екипи од Свети Николе, Велес, Неготино, и противпожарната единица од Кавадарци заедно со ОВР Кавадарци.
„Сите пациенти се транспортираат од село Чемерско кон Кавадарци, претежно станува збор за повозрасни лица во поодминати години и во потешки состојби, но и за доста премрзнати лица, кои за време на пожарот беа евакуирани надвор од самиот дом и беше организиран навремен превоз за да можеме да ги донесеме до Општата болница во Кавадарци. Сите пациенти ќе бидат прегледани и ќе бидат сместени во Општата болница. И според нивната ситуација ќе им биде дадена соодветна терапија“, заклучи Јанчев.
Појасни дека нема лица со посериозни повреди, но поради тоа што станува збор за ризична категорија лица, било реагирано соодветно и брзо со цел тие да бидат сместени на топло и да примаат соодветна медицинска помош.
Регионалниот Центар за управување со кризи од Велес претходно информира дека на терен се 10 пожарникари со три противпожарни возила. На терен излегле и три медицински тима и две полициски возила со осум полицајци.
Македонија
Магла на патните правци Страцин – Куманово и Дебар – Струга, сообраќајот се одвива во зимски услови
Сообраќајот на патниот правец Р 2138 од средно Водно до св. Пантелејмон од 11.00ч. е нормализиран.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци Страцин – Куманово и Дебар – Струга.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.