Македонија
Литургија во Соборниот храм во помен на петмината убиени кај Смилковци
Литургија за душа на петмината убиени кај селото Смилковци во понеделникот доцна попладне се одржа во Соборниот Храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
На собирот, организиран од неколку невладини организации, присуствуваа членови на семејствата на дел од убиените, кој упатија апел ова да биде последен инцидент во кој има жртви.
„Ова да биде последно. Со понатамошни инциденти ништо нема да постигнеме. Да ги оставиме властите да го расчистат убиството. Убијците ќе ги стигне казна од Бога“, изјави Аце Стевковски, брат на убиениот Борче Стевковски од селото Црешево.
На процесијата присуствуваа и 50-тина млади, кои во Соборниот храм под силно полициско обезбедување пристигнаа од протестот пред зградата на Собранието.
За време на собирот организаторите на литургијата собраа и парични средства, помош за семејствата на убиените. Најавено е и отворање на жиро-сметка на која граѓаните ќе можат да донираат средства.
Истовремено, организаторите на поменот за убиените се оградија од инцидентите што претходно се случија за време на протестите пред владата. /крај/фф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)

