Македонија
Приведени десетина лица на протестите во центарот на Скопје
Двајца полицајци полесно повредени, уште трoјца граѓани физички нападнати, искршено полициско возило, оштетени билборди. Приведени се десетина лица, од кои пет се деца.
Ова е епилогот од денешните протести во центарот на Скопје поради петкратно убиство кое се случи во четвртокот во атарот на скопското село Смилковци, соопшти МВР.
Околу 1.000 лица попладнево околу 17 часот се собраа да протестираат пред Владата без претходна најава, преку организација на социјалните мрежи.Протестот продолжи со викање и фрлање на камења и тврди предмети кон Владата, при што се скршени три, четири стакла.
Од таму групата се упати во правец кон Бит Пазар. Во непосредна близина на „Македонска пошта“ дел од демонстрантите искршиле полициско возило „Крајслер“. Скршено било задното ветробранско стакло и направени биле вдлабнатини по целото возилото.
Полицајците не им дозвилиле на групата демонстранти да се движи во насока на Бит Пазар, по што групата се упатила кон мостот Гоце Делчев, а оттаму кон Камениот мост и плоштад Македонија, за потоа да стигнат до Собрание. Потоа се поделиле во помали групи и се движеле кон централното градско подрачје.
Демонстрантите почнале да викаат и дрлаат камења, при што се оштетени два билборди на улица „Теодосиј Гологанов“ и на улица „Македонија“. Полесно се повредени двајца полицајци, а нападнати биле уште три лица.Приведени се десет лица, од кои пет се деца. Како што информираат од МВР, со приведени уште се разговара и против нив ќе следуваат соодветни пријави.
„СВР Скопје превзема интензивни мерки и активности со цел спречување на евентуално нарушување на ЈРМ на подрачјето на град Скопје, како и за пронаоѓање на останатите инволвирани во нарушувањата на јавниот ред и мир“ соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)

