Македонија
„Разбуди се„ ги осудува тенденциите за колективно обвинување на Албанците
Граѓанското Движење „Разбуди се“ изразува жалење по повод убиството на петтемина невини сограѓани во скопското село Смилковци и изразува сочувство до семејствата на жртвите на како што го нарекуваат „овој варварски чин“.
Ги повикуваат компетентните органи да ги изнесат пред лицето на правдата „авторите на ова криминално дело“ и апелираат до граѓаните да се воздржат од неодмерени реакции кои според нив, може да предизвикаат непредвидливи последици за стабилноста и безбедносната состојба во земјата.
„Разбуди се“ остро ги осудува тенденциите за колективно обвинување на Албанците за секоја негативна појава која се случува во земјата и бара од безбедносните органи да не дозволат расистичко-националистичко изживување кон Албанците од страна на групи кои се раководат од фашизоидни идеологии. Овие групи кои и се веќе добро познати на пошироката јавност, со своето делување се претворени во аргати на странските служби или на внатрешни реакционерни кругови кои што не и го сакаат доброто на Република Македонија и не се загрижени за иднината на земјата. На спомнатите групи им е повеќе него јасно дека оваа држава опстојува само благодарение на здравите меѓуетнички односи помеѓу двата народа кои го сочинуваат апсолутното мнозинство, и затоа постојано се обидуваат да ги нарушат и да ги отежнат овие односи провоцирајќи ги, сè со надеж дека ќе ги реализираат своите национал-шовинистички агенди“ се вели во реакцијата на граѓанското движење./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)

