Македонија
Јанкулоска : Безбедносните камери нема да се користат за следење граѓани

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска тврди дека камерите нема да се користат за следење на некои граѓани.
„Тие имаат своја намена и цел, која е јасно регулирана со прописите според кои работи МВР, но и со прописите за заштита на личните податоци. За идентитет на лицата, фотграфиите и сé друго, ние сме должни да го почитуваме режимот на заштита на лични податоци, бидејќи Дирекцијата периоднично прави контрола на работењето и казните се доста строги“, рече Јанкулоска.
Снимките ќе се чуваат во рок од 14 дена, освен во случаите ако одредена снимка треба да се користи во одредена постапка.
Јанкулоска вели дека снимките од безбедносните камери ќе бидат користени и како доказ за одредени кривични дела, доколку судот ја прифати снимката.
Камерите не беа во функција кога се случи масакрот кај Смилковци. Министерката во средата не сакаше да коментира ништо за акцијата „Монструм“, ниту за тоа каде бил шестоосомничениот за тероризам Хаки Хазири од кога бил ослободен, па сé до вторникот кога беше повторно притворен. Семејството тврдеше дека не го виделе и не знаеле каде е од кога бил притворен на 2-ри мај.
За сите информации, Јанкулоска упати на судот, којшто во вторникот соопшти дека Хазири бил заштитен сведок.
„Лицето по свое сопствено барање се здоби со статус на заштитен сведок, а потоа тој истиот во жалбена постапка го изгуби статусот на заштитен сведок, поради што Обвинителството ја прошири истрагата и против него и истиот сега се наоѓа во притвор“, се вели во соопштението на Основниот суд Скопје 1. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Османи: Историски избори се пред нас, 19-ти октомври е референдум за иднината на Чаир

Овие избори се историски во Чаир, ова е референдум за иднината на Чаир, но и референдум за достоинството на граѓаните, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција, последната пред завршувањето на кампањата. Тој порача дека изборите во недела на 19-ти октомври се историски момент за општината и за достоинството на граѓаните.
„На овие избори има само две страни. Од една страна се граѓаните на Чаир, народот кој чесно работи, скромно живее и ја сака општината. Сите вие кои сакате ред, почит и грижа за општината која ја заслужувате. Од друга страна се оние кои ја узурпираа општината за себе. Кои 20 години ја користеа за сопствено богатење, кои 20 години нудат празни ветувања пред избори а потоа продолжуваат со иста песна, корупција, неред и работа само за себе“, истакна Османи.
Според Османи, токму затоа на Чаир по 19 октомври ќе му се случи земјотрес од промените што граѓаните секој ден ги бараат.
„Тоа не се далечни ветувања, туку конкретни обврски што ќе ги реализира веднаш по преземањето на функцијата. Ова не се ветувања за некоја иднина, ова се конкретни обврски кои ги преземам доколку ми ја доверите довербата. Но, ова не е само битка за подобра општина, ова е битка за достоинството на граѓаните“, нагласи Османи.
Во своето обраќање, тој остро предупреди на политичките и општествените процеси што, како што рече, го загрозуваат европскиот курс на државата.
„Денес гледаме како ‘српскиот свет’ продира во државата, како нашата заедница се турка на маргините, како европскиот сон се оддалечува. Чаир не смее да стане симбол на пораз. Чаир мора да биде бастион на достоинството“, изјави Османи.
Тој порача дека гласањето во недела, на 19-ти октомври има значење што оди подалеку од локалните избори.
„Вашиот глас е повеќе од локален избор. Вашиот глас е порака дека граѓаните стојат исправени, дека нема назадување, дека Чаир е срцето на нашата сила. Чаир е нашата гордост и граѓаните нема не дозволуваат никој да им гази по гордоста“, порача Османи.
Во завршницата, тој се осврна на неговиот противкандидат, нагласувајќи дека граѓаните имаат јасен избор меѓу минатото и иднината.
„Мојот противник имаше 20 години. 20 години и што добивме? Урбан хаос, дивоградби, стагнација. Ако за 20 години не донесе ред, нема да донесе ниту за 4. Чаир има избор, или да остане заробен во минатото или да отвори врата кон иднината“, истакна Османи.
Тој ја заврши пораката со повик до граѓаните да не останат рамнодушни на изборите на 19-ти октомври.
„Знам дека многумина сте разочарани и велите ‘сите се исти’. Но тоа не е вистина. Разликата е во тоа дали ќе останете дома и ќе дозволите други да одлучуваат за вас, или ќе излезете и ќе ја земете иднината на Чаир во свои раце“, потенцираше Османи.
Македонија
МОН и УЈП ќе ја унапредуваат финансиската едукација училиштата

Министерството за образование и наука и Управата за јавни приходи потпишаа меморандум за спроведување на проект чија цел е унапредување на финансиската едукација и даночната писменост кај младите.
Ќе бидат опфатени сите основни и средни училишта, затоа што, како што посочија потписниците на документот – министерката за образование и наука, Весна Јаневска и директорката на УЈП, Елена Петрова е исклучително важно да создаваме генерации кои ќе го разбираат значењето на даноците, функционирањето на даночниот систем, улогата на УЈП и другите финансиски институции.
Едукацијата ќе се реализира на интересен и интерактивен начин – преку игри, симулации и креативни работилници, а стекнатото знаење ќе се проверува со даночен квиз, односно натпревар меѓу учениците. Активностите во училиштата започнуваат во декември и ќе се реализираат до крајот на учебната година.
Јаневска и Петрова очекуваат висока ефективност, а резултатите од проектот може да послужат како основа за надградување на наставните програми во иднина.
Македонија
Отворена нова амбуланта во Радуша

Министерот за здравство, Азир Алиу денес беше во посета на Радуша, каде повторно се отвори амбуланта која претходно беше запуштен и нефункционален простор.
„Денес е навистина посебен ден за Радуша. По речиси една и пол година, амбулантата повторно ги отвора вратите за своите жители. Овој простор, кој беше запуштен и нефункционален, денес е целосно обновен на наше особено задоволство. Амбулантата располага со современа опрема и услови достојни за едно модерно здравство на примарно ниво. Горд сум што првпат амбулантата ќе ја води доктор од самото село, тоа е докторот Руфат Ќаили, кој ќе биде тука секојдневно за потребите на граѓаните“, истакна Алиу при посетата.