Македонија
Наместо пари, секс робинките земале I-phone
Почна сослушувањето на првообвинетиот во полициската акција „Ноќ“ кој според обвинението одговара дека бил макро.
Тој целосно го негираше ова, но во текот на исказот изнесе податоци кои упатуваат на тоа дека сепак подведувал девојки на проституција.
Судијата му предочи некои детали од снимени телефонски разговори во кои обвинетиот и’ се заканува со убиство на девојка и разговор во кој девојка од него бара дозвола наместо пари, сексот да го наплати со I-phone.
Обвинетиот упорно тврдеше дека бил само див таксист.
Во октомври минатата година беа уапсени петнаесет осомничени макроа и клиенти за учество во трговија со малолетничка проституција во близина на Македонската Радио Телевизија.
Поголем дел од уапсените биле клиенти, а неколкумина се сомничат за кривично дело трговија со малолетници. Осомничените макроа се товарат дека во близина на зградата на МТВ кај кејот на Вардар подведувале три девојки и ги принудувале да даваат сексуални услуги.
Судењето е се уште во тек. Следуваат детали. /крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

