Македонија
Најави за протести и апели за смиреност
Протести и контрапротести се најавуваат за петок и сабота низ Македонија, по апсењата на повеќе лица во акцијата „Монструм“, кои се осомничени дека го извршиле петкратното убиство во Смилковци, кога беа убиени недолжни граѓани.
За денеска попладне по петочната молитва, муслиманските верници во повеќе градови најавуваат дека ќе излезат на протести против акцијата „Монструм“.
Под мотото „Стоп за монтираните случаи“ ќе протестираат, против, како што велат монтираните процеси против Албаницте.
Освен во Скопје протести се закажани и во други крадови низ Македонија, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга.
За сабота, пак, се најавени контрапротести против ширењето на радикалниот ислам.
Сите политички фактори во Македонија вчера повикаа протестите кои се најавени за денеска и за утре, да бидат мирни и достоинствени.
Премиерот Никола Груевски вчера порача дека секој има право да протестира, тоа е човечко и демократско право, но треба да се внимава на сопствената одговорност, да не се подлегне на одредени манипулации и нечии туѓи агенди.
„Апелирам до секој од демонстрантите, изразувајќи го своето мислење за она за што ќе излезат, да внимаваат на својата лична одговорност. Секој има таква одговорност во нашето општество, така што и тие што ќе протестираат имаат лична одговорност за своите постапки, да бидат законски и да не ги нарушуваат соживотот и меѓуетничкото и меѓуверското живењее кои со векови егзистираат на овој простор, а така ќе биде и во иднина“ изјави Груевски.
И владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ апелираат протестите да бидат мирни и без насилство.
Апел до учесниците во протестите испратија и албанските политички партии, ДУИ и ДПА.
Владејачката партија ДУИ порача демонстрантите да го искажат својот став на достоинствен, мирен и демократски начин. Истовремено, се апелира до граѓаните да имаат трпение и да им дозволат на институциите да ја завршат својата работа во случајот со петкраткното убиство.
Претседателот на ДПА Мендух Тачи, во четвртокот навечер ги повика Албанците да не учествуваат на протестите најавени за денеска по завршувањето на петочната пладневна молитва низ џамиите во државата.
„Ќе ги замолам денеска сите Албанци да не се приклучуваат на утрешните протести затоа што не ги знаеме организаторите. Не смееме да влетаме во авантури, не смееме да ги надоврземе работите од етнички и религиозен аспект. Ние никогаш не сме имале религиозни проблеми, етнички да, изјави Тачи.
Апели за мирни протести испратија и амбасадата на САД во Скопје и Делегацијата на ЕУ во Скопје. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

