Македонија
Свечено затворена воената вежба „Кооперативна долга стрела / Лансер 2012“
Преставници на 15 армии од НАТО и од Партнерството за мир беа дел од воената вежба „Кооперативна долга стрела / Лансер 2012“, што во вторник со свечена церемонија беше затворена во Центарот за обука „Пепелиште“ на армискиот полигон Криволак.
На затворањето на вежбата присуствуваше Заменикот на Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Насер Сејдини, Началникот на штабот во Командата на силите на НАТО во Мадрид, генерал-мајор Жоел Риво, командантите на хиерархиски потчинетите единици и други гости.
„Уверен сум дека сите припадници ќе заминат со едно големо искуство стекнато токму на оваа вежба, а научените лекции ќе ги пренесат во своите армии, зацврстувајќи ги односите со НАТО и избирајќи ги своите приоритети за натамошна соработка“, изјави генерал-мајор Сејдини.
„Оваа вежба стана реалност единствено поради вашата посветеност, напор и волја да се сподели знаењето со сите учесници, и ви благодарам за тоа“, рече Генерал мајорот Риво.
Вежбата беше планирана од Командата на силите на НАТО – Мадрид, Шпанија и Здружената оперативна команда на АРМ. Земји-учеснички од ПзМ беа: Македонија, Азербејџан, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Грузија, Ерменија, Казахстан, Молдавија, Србија, Украина, Црна Гора и Швајцарија, додека земји учеснички од НАТО беа САД, Шпанија, додека, пак, НАТО членки во составот на командата од Мадрид беа Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Шпанија, Турција, Велика Британија и САД. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

