Македонија
Тодоров ќе ја поправа кумановската болница
Хируршката амбуланта во кумановската општа болница функционира во нестандардни услови, заклучи министерот за здравство Никола Тодоров во петокот при посета на болницата.
„Денеска ќе пуштиме екипа од Министертвото, надлежна за инвестиции и ќе се обидеме да најдеме привремено решение кое во секој случај ќе биде подобро од сегашното. Ако не може да се најде соодветно привремено решение, тогаш ќе мора да се размислува за поголема реконструкција, со што ќе се обезбедат соодветни услови за функционирање на амбулантата“, вели Тодоров.
Сепак, министерот смета дека новата медицинска опрема во болницата од 1.200.000 евра ги подобрила условите за работа.
„Новата компјутерска томографија, 4Д апратот на гинекологија и новите операциони маси ги даваат очекуваните резултати. За компјутерска томографија, пацинетите чекаат три дена, а најзначајно е што резултатите се даваат веднаш по завршувањето на прегледот“, рече Тодоров.
Реконструкцијата на зградите на кумановската болница е при крај, а девет лекари од идната година ќе заминат на специјализација.
„Се преземаат мерки за покривање на недостатоците кои се јавиле со континуирано необновување на работните места на персоналот, кој по каков и да е основ ги напуштал работните места. Потребен е нов број специјалисти кои треба да ги покријат потребите на здравствениот систем. Специјализантите ќе се обезбедуваат согласно потребите на системот. Свесни сме дека во одредени области нема доволен број специјалисти, како што се патолози, анестезиолози и педијатри и очекуваме преземените чекори да дадат резултати“, истакна Тодоров.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Празнично работно време на шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје
ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека денеска (среда) шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации, како и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат во периодот од 07:30 до 15:30 часот.
01.01.2026 година (четврток) е неработен ден.
Од 02.01.2026 година (петок), се продолжува со редовно работно време.
Македонија
Во прекин сообраќајот кон Ќафасан поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време со температура до 6 степени
Времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Во четврток и во петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.

