Македонија
Досега пријавени 8.000 лица на огласот за вработување на 300 полицајци

Досега биле пријавени над 8.000 лица на огласот за вработување на 300 полицајци кој го распиша Министерството за внатрешни работи, соопшти министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Според неа, ангажирани ќе бидат оние кои ќе постигнат најдобри резултати на проверките кои се составен дел од конкурсот и од Законот.
„Македонија е мултиетничка држава така што очекуваме интерес од сите етнички заедници меѓутоа би сакала да повторам дека ние зајакнувањето на капацитетот на институциите не го гледаме како математичка операција туку го гледаме како систем низ кој ќе бидат ангажирани луѓето со најдобар капацитет и потенцијал. Се разбира дека со оглед на тоа што интересот е огромен и според моите последни информации до вчера имаше над 8000 лица кои била заинтересирани, реални се очекувањата дека припадниците на етничките заедници ќе покажат интерес за ангажирање во МВР“ изјави Јанкулоска.
Огласот беше распишан на почетокот на месецов./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)
Македонија
Наградени ќе бидат полицајците кои вчера ја спасија жената во Вардар

Министерот Панче Тошковски, се сретна со полициските службеници Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиевски – хероите кои вчера ја спасија жена во водите на реката Вардар.
Министерот на средбата со нив уште еднаш потенцираше дека важноста на полицијата и нејзината вистинска сила и влијание врз животот и благосостојбата на граѓаните се гледа во најтешките човечки моменти.
„Херојските дела како вашето, кога директно се спасува човечки живот е повеќе од службено постапување, тоа е вистинска пожртвуваност и посветеност кон мисијата да се чува безбедноста и сигурноста на секој граѓанин и целото општество.“, потенцираше министерот Тошковски при честитките до двајцата полициски службеници за нивната херојска постапка.
Тој нагласи дека во рамките на законските можности тие ќе бидат наградени за нивната херојска постапка која е инспирација за сите нас унапредувањето на хуманиот аспект на нашите дела и постапки како обични луѓе и професионалци.