Македонија
Рој заинтересиран за инвестирање во земјоделскиот сектор
Во рамките престојот на индиската делегација предводена од мултимилијардерот Субрата Рој, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, оствари средба со претставници на компанијата Сахара Индија Паривар.
На средбата, како што соопштуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, гостите изразиле голем интерес за вложување во земјоделскиот сектор, со што фокусот беше ставен на индустријата за млеко, месо и месни производи.
Министерот Димовски ги запозна со условите за инвестирање во млечната индустрија, откупно дистрибутивните центри, како и условите за инвестирање во индустријата за преработка на млеко и месо.
Меѓу другото, Димовски на претставниците на индиската делегација им ја објасни програмата за субвенционирање и стратегијата за развојот на сточарството до 2020 година. Посебен осврт се даде на зголеменето органско производство на млеко, месо и сирење чија што вредност на готови производи изнесува 1:5 во споредба со традиционалното производство, со што Македонија ја прави прва земја во регионот по производство на производи од органско потекло. Исто така, со оглед на огромниот интерес кој индиската компанија го искажа во врска со индустријата за млеко и млечни производи, Димовски им ја презентираше програмата во делот на субвенцирањето по грло говеда, високо стелни крави и субвенционирање на млекото на оние фармери кои го предаваат произведеното млеко во регистрираните откупни млекарници.
Министерот Димовски истакна дека министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е обврзано да ги почитува за високите стандарди во законодавството на Европската Унија, бидејќи сите закони во Македонија кои се однесуваат на областа на земјоделството се целосно усогласени со европското законодавство. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Полог и Кочанска, општина Кисела Вода;
– од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од населените места и објектите од село Алдинци кон Солунска Глава, општина Студеничани;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Македонско Косовска Бригада, општина Шуто Оризари;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од објектите во околината на зграда бр. 17 на бул. Партизански Одреди, општина Центар;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците од ул. 6 во село Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Непречен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Времето денес облачно со повремени врнежи од дожд и засилен ветер
Времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од недела до вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 70 km/h).

