Македонија
ССНМ жали за рационализацијата на дописниците во неколку медиуми
Самостојниот Синдикат на новинари и медиумски работници жали за рационализацијата на дописничките мрежи во неколку медиуми.
„Иако формално-правно станува збор за легитимно право на секој работодавач да донесе таква одлука таа уште еднаш ја потенцира бесправната и ранлива позиција што ја имаат колегите со таканаречен „хонорарен“ статус. Факт е дека голем број „хонорарци“ всушност работат десетици години кај ист работодавач со полно работно време или со исти обврски како редовно вработените , а работодавачот може да ги отпушти „преку ноќ“ без каква и да е процедура, дури и само со електронска порака или усно известување и при тоа да нема какви и да е законски обврски кон нив.Брзината и начинот на кој таквите одлуки се спроведуваат говори за непостоење ниту морална обврска кон луѓето кои со години биле лојални на своите редакции“ се вели во реакцијата на Синдикатот.
Според неофицијални информации, кои беа објавени на сајтот на ССНМ, новинската корпорација МПМ ја намалил дописничката мрежа и за да се заштеди, еден дописник ќе ги „покривал“ трите весници./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето утре: сончево и студено со умерен ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.
Утре времето во Скопје, ќе биде сончево и студено со умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Времето во наредните денови
Во петок времето ќе биде променливо облачно и студено со минимални температури насекаде под нулата. Во западните делови ќе има повремени врнежи претежно од снег. Потоа продолжува периодот на променливо облачно и потопло време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
(Фото) Министерот Алиу во посета на Клиниката за детски болести: им посака на сите деца поскоро оздравување
Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со заменик министерот Јовица Андовски и претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ја посетија и Клиниката за детски болести.
Како што известија преку социјалните мрежи, на сите дечиња им посакаа среќна Нова Година исполнета со безгрижност и радост и што поскоро да оздрават и да се вратат дома кај своите семејства.
Македонија
„Сите гледаат ски скокови за да видат кој ќе победи, само СДС следат дали ќе ги видат Заев и Филипче во публика во Гармиш-Партенкирхен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Чудно како СДС избегнаа да го спомнат Гармиш-Партенкирхен и заборавија да одговорат дали во моментов Венко Филипче таму изиграва елита со неговиот лидер Зоран Заев? Сите гледаат ски скокови за да видат кој ќе победи, само СДС следат дали ќе ги видат лидерот Зоран Заев и неговиот намесник Венко Филипче во публика“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Се надеваме дека Филипче им кажал на СДС во колку почнуваат скоковите, за да може нивните од СДС да го видат како се радува до нивниот лидер Зоран Заев.
А интересно е што од се што можеа тие се фатија за парите на златната виза од Дубаи на Венко Филипче, веројатно затоа што точно знаат колку чини, односно им кажал колку ја купил и дали е врзана за 42-катницата, но како што признаа дека ја поседува и дека ја платил, кај да е ќе кажат и колку имот поседува во Дубаи.
За Харис нема што да додадеме верните фанови од СДС верно му ги следат настапите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

