Македонија
Расте насилничкото однесување кај младите
Продолжува насилничкото однесување на малолетниците, само во првите три месеца од годинава биле регистрирани 406 кривични дела во коишто учествувале малолетници, а од почетокот на годинава до сега регистрирани се вкупно 61 инцидент во близина на училишта.
Овие податоци во вторникот ги соопшти министерката за внатрешни работи на отпочнувањето на проектот „Безбедни училишта – Хармонични средини“, што заеднички ќе го реализираат мисијата на ОБСЕ и локалните самоуправи на Скопје, Тетово, Охрид, Струга, Гостивар, Кичево, Битола и Македонски Брод.
Безбедноста во училиштата е контролирана од надзорни камери кои помагаат во спречувањето неовластени лица да пристапат на територијата на училиштето и дозволуваат да се следат ситуациите во училишната зграда.
„Но, само со вклучување на администрацијата, учениците и наставниците во процесот на градење безбедна средина за учење, ќе се постигне создавање на сигурна работна и училишна атмосфера. Овој проект ќе поддржи девет општини во развивањето на стратегиите за безбедни основни училишта и тоа: Битола, Тетово, Македонски Брод, Охрид, Гази Баба, Бутел, Струга, Кичево и Гостивар“, рече министерот за образование, Панче Кралев.
Овој прокет на ОБСЕ предвидува учениците да спроведуваат анкети за навремено да ги откријат ризичните групи меѓу соучениците, но и да ги спречат евентуалните проблеми кои доаѓаат надвор од училиштето.
Амбасадорот на ОБСЕ во РМ, Ралф Брет, истакна дека насилството во училиштата може да претставува вистинска закана за безбедноста и на професорите и на учениците, и може да наштети на безбедната и продуктивна училишна средина па затоа проектот треба да ги поддржи државните и локалните власти, како и локалните заедници во создавањето одржлив модел на превенција и на безбедност во училиштата кој ќе биде одговор на насилното однесување, инциденти и меѓуетничката нетолерантност меѓу младите луѓе во средните училишта./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати
Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови.
„На ниво на држава по мандати коалицијата ’Твоја Македонија’ со ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, коалиција ’За европска иднина’ со СДСМ 19 мандати. Коалицијата ’Европски фронт’ има 18 мандати, коалиција ВЛЕН 13 мандати, политичка партија Левица 6 мандати и ЗНАМ 5 мандати. Може да се случат некои мали промени да претрпат овие бројки. 94,05 е голем процент на обработени податоци, не верувам дека ќе има некои сериозни промени. Тоа ќе го знаеме веќе утре“, рече претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Вечерва почнаа да течат и рокови за приговори за парламентарните избори. Приговори за текот на гласањето може да се поднесат до 19 часот на десетти мај, а приговори за сумирање и утврдување резултати до 23.30 часот исто така на десетти мај.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ја слави двојната победа, Мицкоски порача: Сите кои што мислеа дека можат да ја уништат Македонија, завршија на буниште
Членовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите симпатизери ја слават победата на претседателските и парламентарните избори на плоштадот во Скопје.
На насобраните луѓе им се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ја ослободивме Македонија. Сите тие кои што мислеа дека можат да ја ограбат Македонија, да ја понижат, да ја уништат, денеска завршија на буниште, а набргу ќе одговараат“, порача тој.
Мицкоски претходно ги повика граѓаните да дојдат на плоштадите низ сите градови на Македонија заедно да ја прослават победата.
Македонија
Ахмети: ДУИ е втора сила во државата
ДУИ е втора сила во државата, изјави вечерва лидерот на интегративците, Али Ахмети.
„Ние Европскиот фронт сме втора сила во државата. Ние всушност го имавме ВМРО-ДПМНЕ како главен противник, затоа што ВМРО многу му помогна на Влен, но разликата помеѓу Европскиот фронт и Влен е преку 30.000 гласови“, рече Ахмети.
Според официјалните податоци на ДИК, ДУИ освои 18 мандати, коалицијата Влен освои 13 мандати.
ВМРО-ДПМНЕ која извои убедлива победа со 59 пратеници и ќе го добие мандатот за формирање Влада, најави дека ќе почне преговори со Влен за коалицирање. Партискиот лидер, Христијан Мицкоски и вечерва повтори дека е време ДУИ да замине во опозиција.