Македонија
Општините заеднички ќе се справуваат со отпадот
Општините да се здружат за менаџирање со отпад, да се заострат условите за издавање дозволи за управување со отпад и да се засилат инспекциските проверки, предвидува новиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за управување со отпад, усвоен на седумдесеттата седница на Владата, во вт
„Со воспоставувањето законска обврска на општините за регионално здружување и управување со отпадот, пред сé, комуналниот отпад, на ниво на плански региони за управување со отпад, согласно Националниот план на РМ – се воспоставува законска обврска на општините за регионално здружување и управување со отпадот преку склучување на Спогодба со која ќе се регулираат сите прашања поврзани со функционирањето на соработката за заедничко решавање на работите во управувањето со комуналниот отпад на ниво на регион“, рече министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми на прес-конференција.
Според него, ваквото здружување ќе овозможи побрзо и поекономично градење регионални системи за управување со отпад кои би се состоеле од регионални депонии или други капацитети за постапување со отпад како.
Ќе се воспостават и регионални тела за управување со отпад, како Меѓуопштински одбор за управување со отпад и Регионален центар за управување со отпад.
Со новиот предлог-закон се предвидува заострување на условите за издавање дозволи со цел спречување на нелегалната трговија со отпад. Измените се направени во системот на издавање дозволи за постапување со отпад.
„Променети се условите за локациите на кои се бара дозволата, односно истите треба да бидат лоцирани вон населено место (во зони со лесна индустрија), воведено е поставување на 24 часовен видео надзор за електронско следење на целокупниот тек на отпадот, се воведува и условот за обезбедување на финансиска гаранција или друго соодветно осигурување која ќе се користи за покривање на трошоците за отстранување на штетните последици и оправданите ризици настанати при управувањето со отпадот Со измените на законот се олеснуваат условите за одземање на дозволи“, рече Адеми.
Според досегашното законско решение, одземањето на дозволата можеше да се направи во случаите кога трипати во текот на три години ќе се повредат условите од дозволата, а со измените истите се намалуваат на двапати во текот на една година.
„Со измените на законот се воспоставува можност државниот инспектор да може да врши 24-часовен онлајн мониторинг над поставениот видео надзор кај операторите“, рече Адеми.
Казните, исто така, се заоструваат, а се проширува и основата за кривичното дело за недозволена трговија со неопасен отпад: со забрана за вршење на дејност во траење од најмалку 1 до 5 години, се дава можност судот да изрекува и споредна казна со која ќе се забрани издавање нова дозвола на истиот субјект кој го сторил кривичното дело во период од три години, како и стекната имотна полза прибавена со кривичното дело да биде конфискувана.
Исто така, се предвидува и усогласување со Законот за концесии и јавно приватно партнерство – новина е што во досегашното законско решение операторот на депонија за опасен отпад може да биде само јавно претпријатие основано од Владата. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

