Македонија
Воспоставен сообраќајот на пругата Ниш-Скопје

Железничкиот сообраќај на меѓународната магистрална пруга Ниш-Скопје повторно е воспоставен во петокот во 12 часот и 15 минути, соопшти Железница Србије.
Притоа се наведува дека железничарите успеале да отстранат од пругата шест од осум празни товарни вагони, кои што во четвртокот околу 14 часот и 30 минути излегоа од шините кај Лесковац.Преостанатите два товарни вагони се вон колосек и не го загрозуваат сообраќајот, а се очекува истите набргу да бидат отстранети.Сообраќајот на магистралната пруга Ниш-Прешево-Скопје, кој е дел од Европскиот коридор 10, беше во прекин од вчера попладне, откако излета товарен воз кој сообраќал од Лесковац за Ниш.Од вкупно 33 вагони од празниот воз, осум од средината на композицијата излетале од шините. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце времето на чекање за влез во државата е 15-ина минути

Поради пожар во Националниот парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори. се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е 15-ина минути, на другите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Кисела Вода и Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07.30 до 15.00 часот дел од корисниците на улицата Христо Татарчев, потег од резиденција на Чешка амбасада до маркет „Давидов“, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од потрошувачите на улица Козле 2 и улица Козле, општина Карпош.
Македонија
Дел од општина Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затворач на улицата Никола Русински бб, општина Карпош, односно објектот на АД Пошта на РСМ, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на улицата Козле 132, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: дел од улицата Козле, дел од улиците Јуриј Гагарин, Мокра, Кораб и Струшка. Со намален притисок на водоснабдување ќе бидат населбите Трнодол, Жданец и Нерези. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.