Македонија
Филипов Васкопулос не очекува брзо решение за името
„Не сакаме да зборуваме агресивно за Егејска Македонија, за Бело Море, за неослободување, окупации и слично. Најлесно е некој човек да флертува националистички со такви идеологии, да зборува за борби за големи Македонии, и на крајот, што?“ – вели Павле Филипов Васкопулос, лидер на партијата на Макед
„Ние во Виножито делуваме принципиелно, имаме многу добри односи со нашите протерани Македонци што живеат и во Република Македонија и насекаде. Навистина имаме добри односи и настојуваме со сите луѓе што делуваат позитивно, било да се во Република Македонија или во Австралија, или во Канада и ние да контактираме и да напредуваме. Но од друга страна, најпринципиелно сакаме да имаме еквидистанца со сите политички, партиски структури во Република Македонија за да бидеме коректни и добри и да делуваме конструктивно“, додава Филипов Васкопулос.
Говорејќи за тоа дали ќе се обидат да комуницираат со новата грчка влада, Васкопулос вели: „Ние континуирано бараме, имаме барано и средби во грчкиот парламент со парламeнтарци, со структури кои би сакале да разговараат за овие теми. Но ова е страшнa табу тема, одбиваат континуирано сите овие години. Бараме чаре, да влеземе во институциите, да не бидеме априори непријатели, да не бидеме надвор од системот, маргинализирани како што ни прави државата сите овие години. Не е воопшто лесна оваа работа. Конкретно да ви кажам пример, праќаме апликации, покана за едно пониско ниво, како на пример за јазикот, што е полесна работа, ајде да не биде да зборуваме за малцинство. Туку да зборуваме за почитувања на различностите и за јазикот. Ние се обидовме со Министерството за образование да контактираме и да ги убедиме да го вклучат македонскиот јазик во грчкото образование во овие региони, во деловите каде сè уште е жив македонскиот јазик. За жал има целосно одбивање, не сакаат ни средби за оваа работа. И што правиме тогаш ние? Се обидуваме да го интернационализираме овој проблем -непочитување на другоста и идентитетот. Шетаме сиве овие години по Брисел, по Стразбур, по Женева, ги повикуваме експертите да дојдат во Грција, да видат каква е ситуацијата, па да ја притиснат Грција, кога веќе самата Грција и грчките власти не нè слушаат. Не сакаат воопшто да нè почитуваат, цело време нè маргинализираат, па не ли е време полека, полека да се најдат под притисок на странците“
На прашањето дали е оптимист за решавање на македонско-грчкиот спор, тој вели дека во оваа ситуација во која се наоѓа Грција, каде што системот се наоѓа во шок, воопшто не се зборува за овие теми, за националните прашања, без разлика дали е за односите со Турција, со Македонија, со другите соседни земји. Тешко ќе биде, додава тој. За мене ќе биде изненадување ако има напредок веднаш, надвор да се направи некое решение и да се реши оваа работа, уште повеќе со оваа структура. Мислам дека е познат ставот на Самарас и на старо-новата структура и тешко е да се очекува дека новиот премиер Самарас ќе направи страшна реформа, изјави Павле Васкопулос од Виножито во интервјуто за „Радио Слободна Европа“./крај/рсе/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.

