Македонија
Џафери: Рамковниот договор не прави поделби на Албанци и Македонци
Нема ништо спорно во оддавањето почит на паднатите борци од УЧК, пред споменикот во Слупчане, каде што во чест на 11-годишнината од Рамковниот договор се поклонија неколку министри и офицери, смета заменик премиерот Муса Џафери.
Тој, во изјава за „Zhurnal plus“ вели дека не треба вакви настани да се користат за кавга меѓу партиите и институциите.
„Не верувам дека е во интерес на јавноста, оваа тема да биде предмет на расправа меѓу двете страни. Ставовите на нашите функционери беа децидни, дека треба да се направи рехабилитација на двете страни, има закон за амнестија, тоа се предуслови за спогодба“, вели Џафери, за „Zhurnal plus“.
Џафери кој беше еден од министрите кои се поклонија пред споменикот на паднатите борци од УЧК, заедно со министерот за одбрана Фатмир Бесими и, министерот за правда Блерим Беџети и Џелаљ Бајрами, вели дека токму тие, како функционери не треба да ги злоупотребуваат паднатите борци.
„Уште помалку, ние како функционери треба да ги злоупотребуваме паднатите борци, од која и страна да се.“, вели Џафери, додавајќи дека меѓуетничкото помирување не било лесно во ниту една држава, па ни во Македонија.
„Ние одиме по институционален пат. Го почитувавме 13 август, Денот на Охридскиот рамковен договор и тоа го направивме, во интерес на мирот. Нивното дело е ценето и нема потреба за вакви полемики. Не можеме да ја коригираме историјата, можеме да ја смениме сегашноста од 2001 наваму. Да ги вреднуваме на достоинствен начин овие дела и да се надминеме себеси, затоа што поважно е да има мир, отколку да се попречуваме меѓусебно и да има конфликт и нетолеранција. Затоа што тоа не служи на иднината која треба да биде заедничка, ние сме се согласиле на ова преку Охридскиот рамковен договор“, додава Џафери./крај/zh/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

