Македонија
29 починати и 1.166 новозаболени од Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 6.458 тестирањe, а регистрирани се 1.166 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 375, Тетово – 159, Гостивар – 105, Струмица – 76, Струга – 75, Охрид – 53, Куманово – 44, Кичево – 43, Штип – 24, Кавадарци – 23, Велес – 22, Кочани – 18, Битола и Свети Николе – по 17, Радовиш – 16, Прилеп – 14, Дебар – 12, Ресен и Пробиштип – по 11, Гевгелија – 10, Крива Паланка – 8, Неготино – 6, Крушево и Македонски Брод – по 5, Делчево и Валандово – по 4, Берово и Виница – по 3, Богданци, Кратово и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 232 оздравени пациенти од: Скопје – 69, Гостивар – 49, Тетово – 34, Куманово – 16, Струмица – 15, Кичево – 12, Дебар – 11, Битола – 7, Штип – 6, Виница – 3, Кочани и Неготино – по 2, Велес, Свети Николе, Радовиш, Ресен, Делчево и Кратово – по 1.
Пријавени се 29 починати лица: 6 починати лица од Тетово (37г,42г,57г,64г,73г, и 81г), 5 починати лица од Струга (64г,67г,70г,76г и 77г), 4 лица од Скопје (47г,55г,69г и 79г), по 3 лица од Гостивар (54г,71г и 81г), Куманово (52г,63г и 80г) и Струмица (66г,74г и 82г), по едно починато лице од Кичево (80г), Битола (57г), Велес (54г), Македонска Каменица (58г) и Пехчево (67г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Направени се 6.458 тестови преку: ИЈЗ-345, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-81, ЦЈЗ Прилеп-59, ЦЈЗ Тетово–161, ЦЈЗ Куманово–0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 17, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–76, Жан Митрев (Филип Втори)-141, Авицена-391, Биотек-439, Систина-161, лабораторија Лаор-600, Синлаб-30, Ремедика-34, Плодност–74, Генеа -15, Никоб лаб-745, ВФВ Медикал-100, Ели Медика-88, Ројал Медика –92, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.747.
Досега во земјата се направени вкупно 1.124.993 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 171.576, бројката на оздравени пациенти е 153.148, на починати е 5.755, а бројот на активни случаи изнесува 12.673.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 74060, Активни 4451
Куманово 9904, Активни 793
Прилеп 8523, Активни 165
Тетово 9830, Активни 2030
Битола 6600, Активни 222
Велес 5654, Активни 147
Гостивар 7304, Активни 1548
Кавадарци 5353, Активни 155
Охрид 5389, Активни 345
Штип 5139, Активни 141
Струмица 4890, Активни 612
Струга 3425, Активни 423
Кочани 2942, Активни 119
Кичево 3378, Активни 590
Гевгелија 2263, Активни 65
Неготино 2211, Активни 23
Свети Николе 1621, Активни 81
Ресен 1351, Активни 102
Крива Паланка 1250, Активни 18
Радовиш 1278, Активни 88
Берово 1113, Активни 54
Делчево 1016, Активни 37
Дебар 1238, Активни 193
Виница 937, Активни 35
Пробиштип 816, Активни 27
Валандово 724, Активни 37
Богданци 517, Активни 23
Крушево 507, Активни 17
Демир Хисар 410, Активни 10
Демир Капија 401, Активни 3
Кратово 429, Активни 51
Македонски Брод 422, Активни 52
Пехчево 289, Активни 7
Македонска Каменица 258, Активни 8
Дојран 134, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
(Видео) Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?
„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана. Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму. Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ. Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него. Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела. Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат. Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул? Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?“, истакна Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата.
„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

