Македонија
29 починати и 561 нов случај на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.384 тестирања, а регистрирани се 561 нов случај на Ковид-19: Скопје – 249, Куманово – 49, Струмица – 40, Охрид – 30, Штип – 25, Тетово – 23, Прилеп – 18, Кавадарци – 16, Битола – 14, Велес – 12, Кичево – 10, Гостивар – 9, Радовиш – 8, Кочани – 7, Струга и Свети Николе по 6, Ресен и Дебар по 5, Гевгелија, Берово, Виница и Македонска Каменица по 4, Неготино – 3, Крива Паланка, Делчево, Валандово и Кратово по 2 и по еден во Пробиштип и Богданци.
Пријавени се 29 починати лица: 13 од Скопје (88, 76, 70, 70, 69, 68, 67, 66, 56, 54, 53, 40 и 2 години), тројца полинати од Куманово (84, 69 и 39 години), по две починати лица од Тетово (69 и 68 години), Струмица (76 и 68 години) и Охрид (88 и 67 години) и по едно починато лице од Гостивар (71), Кичево (62), Дебар (60), Кратово (72), Радовиш (67), Крива Паланка (69) и Ресен (72).
Од пријавените 29 лица, 27 се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.
Од министерството, пренесуваат и дополнителна информација за починатото 2-годишно дете:
„Дете родено со конгенитални малформации, со дијагнози бактериска сепса кај новородено, хоспитализирано и оперирано во повеќе наврати на клиниките за детски болести, детска хирургија и неврохирургија од конгенитални интестинални (цревни) малформации, компликации перфорација на црево, перитонит,некротизирачки ентероколит, ресекција на јејунум, интракранијална хеморагија, аплициран вентрикуло-преитонеален шант. При последниот прием на клиниката за детска хирургија поради малнутриција и дехидрација, поради ковид протоколите е тестирано и е со Ковид-19 позитивен резултат. Поради компликации настaпува exitus letallis“, се наведува во соопштението.
Во изминатите 24 часа регистрирани сe и 507 оздравени пациенти од Скопје – 201, Тетово – 39, Гостивар – 37, Куманово – 33, Струмица – 25, Штип и Кичево по 18, Прилеп и Дебар по 16, Кавадарци – 15, Свети Николе – 13, Велес – 12, Кратово – 10, Битола – 9, Радовиш и Берово по 8, Кочани – 6, Виница и Крива Паланка по 4, Ресен, Валандово и Пробиштип по 3, Гевгелија и Неготино по 2 и по еден во Делчево и Богданци.
Направените 4.384 тестови се преку: ИЈЗ-232, ЦЈЗ Скопје-77, ЦЈЗ Битола-67, ЦЈЗ Прилеп-56, ЦЈЗ Тетово–70, ЦЈЗ Куманово-63, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, лабораторија болница Козле-11, УК Пулмологија со алергологија – 7, Институт за микробиологија–287, Жан Митрев (Филип Втори)-123, Авицена-309, Биотек-332, Систина-85, лабораторија Лаор-170, Синлаб-30, Ремедика-22, Плодност–43, Генеа-25, Никоб лаб-486, ВФВ Медикал-62, Ели Медика-97, Ројал Медика –16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.712.
Досега во земјата се направени вкупно 1.242.490 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 186.010, бројката на оздравени пациенти е 166.606, на починати е 6.396, а бројот на активни случаи изнесува 13.008.
Според епидемиолошки анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 80552, Активни 5798
Куманово 10949, Активни 914
Тетово 10721, Активни 1051
Прилеп 8877, Активни 274
Гостивар 7912, Активни 569
Битола 6911, Активни 242
Велес 6006, Активни 275
Охрид 5781, Активни 653
Кавадарци 5702, Активни 189
Струмица 5586, Активни 511
Штип 5529, Активни 236
Кичево 3865, Активни 480
Струга 3746, Активни 656
Кочани 3112, Активни 126
Гевгелија 2346, Активни 69
Неготино 2290, Активни 39
Свети Николе 1813, Активни 111
Ресен 1497, Активни 111
Радовиш 1469, Активни 113
Дебар 1440, Активни 148
Крива Паланка 1339, Активни 47
Берово 1192, Активни 49
Делчево 1104, Активни 64
Виница 1001, Активни 43
Пробиштип 887, Активни 40
Валандово 779, Активни 30
Богданци 541, Активни 19
Крушево 518, Активни 15
Кратово 522, Активни 53
Македонски Брод 458, Активни 31
Демир Хисар 420, Активни 12
Демир Капија 406, Активни 4
Пехчево 309, Активни 11
Македонска Каменица 291, Активни 21
Дојран 139, Активни 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Работници од Индија кои никогаш не виделе снег, за прв пат му се радуваат овде во Македонија
Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.
Македонија
Левица обвинува за злоупотреби со земјоделски субвенции во Кавадарци
Поранешниот началник на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кавадарци, Митко Керов, член на СДСМ, со години злоупотребувал лични податоци на граѓани за незаконско осигурување на земјоделски поседи и прибирање државни субвенции, обвинија денеска од ПП Левица.
Според партијата, Керов во соработка со осигурителни компании осигурувал поседи во сопственост на граѓани, најчесто возрасни лица кои не користат електронски услуги на Министерството, без нивно знаење и без нивно присуство при склучување договори.
„Таргет на поранешниот началник биле возрасни граѓани кои вообичаено не пристапуваат на софтверите за услугите на Министерството, со што тие воопшто не би дознале дека нивните поседи се осигурани“, велат од Левица.
Од партијата наведуваат дека Керов ги осигурувал поседите, аплицирал за субвенции за покривање на осигурителните премии и од тие средства добивал лична корист, а за граѓаните станало јасно што се случува дури откако нивните поседи биле оштетени од мраз во изминатите неколку сезони.
„Земјоделците, при аплицирање за обештетување преку јавните повици во општините, биле одбиени со образложение дека нивните поседи се веќе осигурани, иако тие никогаш самите не аплицирале“, посочуваат од Левица.
Според наводите, во обид да ја прикрие ситуацијата, Керов преку физичко лице – неговиот татко И. Керов – уплаќал симболични суми на сметките на дел од оштетените земјоделци, со опис на дознаката „Штета за 2024 година“.
„Очигледна е ноторната злоупотреба на службената положба и овластување, како и злоупотреба на државни средства за субвенционирање“, нагласуваат од партијата.
Од Левица дополнително обвинуваат дека за случајот биле информирани структури од ДПМНЕ, но наместо да постапат, свесно молчеле и вршеле притисок скандалот да не излезе во јавност.
„Наместо институционална реакција, се прават обиди за релативизирање и заташкување на случајот, со цел да не се отвори поширока истрага која би ја разоткрила целата мрежа на корупција“, велат од Левица.
Партијата го повикува Јавното обвинителство да отвори истрага, да ги провери сметките на членовите на семејството Керови, сопствениците на осигураните поседи, како и да ги испита наводите од граѓани од Кавадарци и Росоман.
„Доколку има потреба, истрагата треба да се прошири и во други локални самоуправи и да се преземат соодветни мерки“, порачуваат од Левица.
Македонија
ССМ повикува на масовен протест за плати: „Ова е борба за достоинството на работниците“
Сојузот на синдикатите на Македонија најави масовен работнички протест што ќе се одржи на 28 јануари во 17 часот во Скопје, со главно барање зголемување на работничките плати и покачување на минималната плата на 600 евра. Протестот ќе започне пред Работничкиот дом, а потоа ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата.
Во отворено писмо до работниците, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порачува дека протестот не е прашање на избор или удобност, туку егзистенцијална борба.
„Овој протест не е за ‘ако имаш време ќе дојдеш’, туку за твојата плата, затоа што истата не стигнува од први до први. А кој да протестира за твојата плата ако не прво ти, па сите ние заедно“, наведува Трендафилов.
Тој обвинува дека работниците се потценети и од работодавачите и од власта, при што едните профитираат од ниски плати, а другите ја користат економската несигурност за политичка контрола.
„На газдите им е важно со ниски плати да им го создавате капиталот, а на властите со ниски плати да ве владеат – сиромашен, но послушен народ“, се наведува во писмото.
Според ССМ, над 200 илјади работници во државата земаат плата под 31.200 денари, што е под прагот на сиромаштија, додека функционерите добиваат значителни покачувања.
„Неправдата е во тоа што за нив има зголемувања од 250 евра и 78 проценти, а за работниците – ништо. Истите тие на кои им ја давате моќта и платата, не водат грижа за вас и вашите семејства“, посочува Трендафилов.
Во писмото се предупредува и на, како што се наведува, обидите работниците да бидат заменети со поевтина работна сила од странство, како и на непочитувањето на колективните договори, поради што дел од вработените се принудени правдата да ја бараат на суд.
„Тие мислат дека не ви треба зголемување на платата затоа што не барате. Ако молчите, тие мислат дека ви е доста“, се наведува во пораката.
Трендафилов потенцира дека протестот е и за оние кои се плашат да излезат јавно, но и за сите граѓани, бидејќи зголемувањето на платите ќе значи и зголемување на пензиите.
„Господата ви личат големи затоа што им клечите. Станете со нас и ќе видите колку се всушност мали“, порачува тој.
ССМ информира дека протестот ќе се одржи по работно време за да можат да присуствуваат што поголем број работници, а ќе биде обезбеден и коридор за итни случаи.
„Јас и луѓето што ги знам ќе бидеме таму. Можеби сами не можеме да промениме многу, но заедно можеме да промениме сè. Овој протест е само почеток“, порачува Трендафилов.
Главното барање на протестот е зголемување на платите за најмалку 6.000 денари преку покачување на минималната плата на 600 евра.
„Изговор да не протестираат за плата може да имаат само газдите и избраните и именуваните. Време е“, завршува Трендафилов.

