Македонија
Разбуди се бара предлог законот за бранители да ги опфати и борците на ОНА
Граѓанското Движење Разбуди се! со загриженoст ја следи дебатата околу иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ да достави до Собранието предлог закон за безбедносните сили инволвирани во војната од 2001 година, кој што ја исклучува можноста за вклучување и на членовите на ОНА во ова предложено законско решение.
„Охридскиот Договор кој што ја приврши војната од 2001, е прифатен од сите политички фактори во земјава, им наложува на институциите да превземат мерки за градење на меѓусебна доверба помеѓу заедниците како и ресоцијализација на поранешните членови на ОНА, мерки кои што недостигаат дури и 11 години по овој Договор“, велат од Разбуди се!.
Според нив Охридскиот Договор стана знак за рамноправност помеѓу граѓаните на земјава, вклучително и двете страни учеснички во војната, покрај тоа што означи крај на конфликтот, спаси безброј животи, а стана дел и од Уставот.
„Оваа рамноправност треба да вреди при секоја институционална мерка за рехабилитација на учесниците во оваа војна и секoе исклучување од овој принцип е неуставнo и тенденциознo“, велат од Разбуди се!.
Потсетуваат дека токму ВМРО-ДПМНЕ е партијата која што го има потпишано Охридскиот Договор и ја има потврдено амнестијата за поранешните членови на ОНА преку автентичното интерпретирање на Законот за Амнестија со што и формално ja прифати рамноправноста на ОНА со сите други учесници во војната.
„Со овој предлог закон, ВМРО-ДПМНЕ не треба да и се додворува на некоја екстремна и маргинална група на гласачи ниту да бара “амнестирање“ од потписот на Охридскиот договор или гласот за амнестијата. Ниту еден исклучок од таа еднаквост, гарантирана со Охридскиот Договор, не треба да претставуваат ниту другите категории на семејствата кои што претрпеа штета во 2001 година“, велат од Разбуди се!..
Сметаа дека во случај да се потврди обидот за диференцијација и институционална дискриминација на учесниците во војната од 2001 година, албанските политички партии треба да се соединат во отпорот кон овој направеден и тенденциозен oбид, но свој придонес истовремено треба да дадат и други делови од општеството кои што не сакаат да ја вратат атмосферата од пред 2001 во наше секојдневие туку ја сакаат Македонија во НАТО и ЕУ./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

