Македонија
По 30.000 денари награда за најдобрите 20 доктори
Министерството за здравство ги награди 20-те доктори кои во јули имаа најголем број бодови, најголем учинок и најголем број извршени сложени интервенции во установите каде работат.
Најдобрите доктори ќе добијат посебно признание и уште една плата од 30.000 денари, а најмногу лекари меѓу наградените има од комплексот клиники „Мајка Тереза“.
„Тоа беше сложена математика по која се водевме за да го извршиме овој избор на најдобри лекари. Практично ја земавме поделбата на здравството на примарно, секундарно и терциерно ниво, односно кампусот клиники „Мајка Тереза“, клиничките и општите болници“, рече на денешната промоција ресорниот министер Никола Тодоров.
На овој начин почнува со првичната промоција на докторите кои во иднина ќе го заокружат проектот „Клуб 100 најдобри лекари“.
„На овој начин сакам првпат да го одбележиме отпочнувањето со имплементација на овој проект кој треба да ја валоризира работата на оние кои најмногу се залагаат во здравствените установи“, додаде Тодоров.
Наградените лекари се: проф. д-р Миодраг Врчаковски – Клиника за радиологија; д-р Ариф Мусли – Клиника за радиологија; д-р Слободан Антов – Кл. За кардиологија; Проф. д-р Катица Пиперкова , детска клиника; д-р Катерина Дамевска – кожна клиника; д-р Скендер Саиди – Кл. за урологија; д-р Олга Лозановска – КБ Битола; д-р Русе Талевски – КБ Битола; д-р Цветанка Маркова – ОБ Прилеп; д-р Андреј Николовски – СГБ; д-р Санде Стојановски – 8ми септември; д-р. Зоран Несторовски – 8ми септември; д-р Ѓорги Велков, КБ Штип; д-р Радмила Зенделска – КБ Штип; д-р Вахит Селмани – КБ Тетово; д-р Горан Јовиќ – ОБ Велес; д-р Киро Чурлинов – ГАК; д-р Драги Дабески – ГАК; д-р Светлана Димитриеска Ќипровска – ТОАРУ; д-р Гордана Китева Тренчевска – Кл. за неврологија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

