Македонија
Сеуште гори на повеќе локации низ Македонија
Повеќе активни пожари се регистрирани во вторник претпладне на територијата на Македонија, информираат од Центарот за управување со кризи.
Пожарот кај м.в. Горни Покојник, с.Јаболце, општина Сопиште, сеуште е активен и со истиот зафатена е сува трева и шума, а дува и силен ветер кој допринесува за негово ширење према Националниот Парк „Јасен“. Теренот е непристапен, а во гаснењето учествуваат екипи на Бригадата за противпожарна заштита, месното население, вработени од Националниот Парк „Јасен“ и Дирекцијата за заштита и спасување.
Се уште е активен пожарот кај с.Добровени и се спуштил до патниот правец Добровени – Живојно. На терен интервенираат екипи на Шумско стопанство и Територијалната противпожарна единица Битола, а се очекува во текот на денот да интервенираат и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.
Пожарот кај селата Дрен и Смолани, општина Прилеп, е активен, Во гаснењето на пожарот кое го отежнува ветерот интервенираат вработени од Шумското стопанство „Црн Бор“ од Прилеп.
Пожарот кај с.Вратница, општина Јегуновце, е сеуште активен, Интервенира и месното население кон с.Белов каде прават тампон зона и кон с.Вратница. Од страна на Општина Јегуновце е побарана интервенција на авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.
Пожарот кај с.Врањовце, Гостиварско, не е целосно локализиран. Со пожарот зафатена е сува трева, нискостеблеста дабова шума, смреки и остатоци од бесправно сечена шума, со површина од околу 100 хектари. На терен интервенира екипа од ШС „Шар“- Гостивар.
Во пожарот во атарот на с.Лакавица, Гостиварско, опожарена е поголема површина на трева и нискостеблеста дабова шума. На терен интервенираат лица на ДЗС Гостивар. Теренот е доста непристапен и поради ветерот тешко е да се дејствува, но се надеваат дека за скоро време пожарот ќе биде локализиран.
Пожарот кај с.Стрима, општина Липково, зафати дабова шума на површина од околу 150 м2 . Во гаснењето интервенираат лица од Шумското стопанство, кои очекуваат дека наскоро пожарот ќе биде изгаснат.
Пожарот во атарот на селата Елевци и Аме сеуште е активен и со истиот зафатена е нискостеблеста и мешана шума. На пожарот интервенираат екипи од ТППЕ и ШС „Стогово“ од Дебар.
Пожарот кај с.Црешнево, општина Македонски Брод е активен на високиот карпест дел и гори сува трева и грмушки, но не преставува опасност. Интервенираат 12 лица од ШС „Сандански“ – Македонски Брод, од кои 7 од страната на с.Црешнево и 5 од страната на с.Белица.
Пожарот кај Негорци, општина Гевгелија е под контрола и на истиот интервенираат ТППЕ Гевгелија и Доброволни противпожарни друштва, а дејствуваат и 2 авиона на ДЗС и 1 хеликоптер на АРМ.
Денес повторно е активиран пожарот на Планината Бистра на место викано Чафкарник и пошироко. Опожарена е голема површина на сува трева. Во гаснење на пожарот учествуваат вработени од Национален парк Маврово. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

