Македонија
Владата вопоставува Информатичка форензичка лабораторија
Борбата против корупцијата и криминалот се стратешка определба на Владата којашто презема континуирани мерки и активности за превенција на овие девијации, нивно третирање, и санкционирање, со цел обезбедување на владеење на правото, рече во аботата портпаролот Александар Ѓорѓиев.
„Особен аспект на оваа борба претставува справувањето со даночната евазија и финансискиот криминал, како и даночното затајување и наштетувањето на интересите на државата и граѓаните. Со цел, унапредување на квалитетот на системот, и подобрување на неговите перформанси, Владата на Република Македонија одлучи да го стартува проектот за воспоставување и воведување во работа на Информатичко форензичка лабораторија, чија цел ќе биде превенирање, откривање и обезбедување на докази за санкционирање на сторителите на кривични дела од областа на финансискиот криминал. Со нејзината работа ќе се зголеми ефектот во борбата против криминалот“, рече Ѓорѓиев.
Како што рече, ,при креацијата на проектот биле користени искуства од постоењето на вакви специјални единици во рамките на државната управа во Шведска и во Данска. Притоа биле направени контакти со овие земји, како и размена на искуства, увид во опремата и демонстрации на функционирање, и останати аспекти на тоа како треба да биде поставен и да функционира моделот.
„Тоа дава гаранција дека се работи за квалитетен, ефикасен и ефективен систем кој ќе донесе нови позитивни резултати“, рече владиниот портпарол.
Информатичко форензичката лабораторија ќе врши испитување на софтверските системи и ќе утврдува дали постоеле постапки за даночно затајување или, пак, финансиски криминал, дали истите биле бришени или уништувани, како биле внесувани, и кои биле обидите за прикривање на доказите за инкриминација. Ќе применува и други мерки за детектирање на појави на непочитување на законот во врска со финансиски криминал. Системот ќе биде доверлив, корисен, нема да постои можност за злоупотреба, тој ќе е сигурен и безбеден.
За реализација на проектот, како што додаде Ѓорѓиев, Владата усвоила и акциски план, што подразбира неопходни измени на Законот за Управата за јавни приходи и Законот за даночна постапка, со што прецизно ќе се дефинира нејзината улога во системот, функциите и делокругот на работа.
Информатичко форензичката лабораторија ќе биде организирана во рамките на Управата за јавни приходи, и тоа во Генералниот даночен инспекторат, како посебен одел во рамките на инспекторатот за специјални контроли.
„Веќе се прави селекција на лицата кои ќе работат во таа лабораторија, кои согласно странските искуства, во наредниот период ќе бидат подложени на интензивна обука за надградба на знаењето и вештините потребни за работата. Лицата ќе поседуваат напредни познавања од информатичката технологија, правото и правниот систем и искуство со инспектирање и инспекторски вештини“, рече Ѓорѓиев.
Додаде дека веќе е во фаза на процесна подготовка и за обезбедување на современа и софистицирана опрема за вршење на дејностите, следејќи ги искуствата на Шведска и Данска.
По комплетирањето на процесите Информатичко форензичката лабораторија ќе биде воведена во работа со полн капацитет.
„Оваа Инфоматичко форензичка лабораторија ќе биде од голема полза за државата и за граѓаните. Таа ќе го подобри функционирањето на системот, ќе даде нов квалитет во процесите и ќе помогне во превенцијата, откривањето и санкционирањето на појави на сторување на финансиски криминал. Скандинавското искуство е гарант за ефикасноста и ефективноста на моделот. Таа ќе ги унапреди можностите на општеството за борба против даночните затајувања, евазии, и финансиски криминал, и ќе го намали процентот на сторување или обиди за сторување на ваков вид на кривични дела. Информатичко форензичката лабораторија ќе биде значајна алатка во борбата против корупцијата и организираниот криминал“, соопшти портпаролот на Владата./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

