Македонија
ДУИ контра владини предлози во Собранието
Еден час пауза на барање на пратеникот на ДПА, Зијадин Села даде претседателот на Собранието Трајко Вељаноски пред гласањето по предложениот дневен ред на 40-тата пленарна седница на Собранието, каде како 31-ва точка се наоѓа предложениот закон за бранители.
Паузата беше дадена откако не помина барањето на пратениците од албанскиот блок за повлекување на точката од дневниот ред, со образложение дека се прекршени низа процедури, но и дека законот е противуставен и го прекршува Охридскиот рамковен договор.
„Во предлогот нема оцена за потребните финансиски средства за спроведување на законот. Според процените, за неговото спроведување ќе бидат потребни 340 милиони евра, односно една третина од државниот буџет, што е неодржливо“, рече пратеникот Изет Зекири од НДП.
„При предложувањето на законот не се испочитувани предвидените рокови“, рече пратеникот на ДПА, Имер Алиу.
Претходно, во форма на процедурална забелешка, Ермира Мехмeти од ДУИ, уште еднаш го повтори партискиот став против нoсењето на законот.
„Сакам да ве уверам дека имаме маратонци и спринтери. Ние сме шампиони во двете категории“, рече Мехмети.
На ова пд ДПА обвинија дека ДУИ се предале и наместо за блокирање на законот, ќе дозволеле за него да се гласа во Собранието.
„Наместо да се говори за блокирање на законот или напуштање на владата, се говори за гласање против“, рече Имер Алиу од ДПА.
Претходно закажаното второ продолжение на седницата на Комисија за труд и социјална политика, матично тело за разгледување на законот, наместо во 10:00, ќе се одржи во 14:00 часот.
Инаку, пред пратениците не поминаа владините предлози за изменување на законите за кулутра и за филмски фонд по итна постапка, откако против гласаа и пратениците на ДУИ. Единствено беше прифатен предлогот Собранието да расправа за измени за законот за земјоделство, откако поддршка дадоа пратениците на СДСМ. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

