Македонија
Ќе се формира Здружение на приватни електронски медиуми
Ќе се формира Здружение на приватни електронски медиуми „Мак МЕДИА“ чија цел ќе биде решавање на наталожените проблеми во медиумската сфера.
Синоќа во Охрид одржан е иницијативен состанок за формирање на Здружението.
„Потреба за вакво едно здружение постои веќе подолго време. Последните настани околу авторските права само како да ја прелија чашата кај колегите кои секојдневно живеат со сериозни проблеми. Освен неколку поголеми играчи кои претежно се во главниот град, локалните медиуми како да се маргинализирани, иако тие се една од најважните клетки за секој град. Ќе се обидеме тие работи да ги исправиме, но на еден цивилизиран и институционален пат“, вели еден од иницијаторите, директорот на охридското Супер радио Сашо Митаноски.
Иницијалната каписла за создавање на ова здружение, според Митаноски, биле новите барања за наплата на авторски права од страна на здружението Македонска музичка индустрија (ММИ).
„Ние сакаме да направиме едно заедничко тело кое ќе се грижи за нашите интереси, интересите на помалите медиуми, кои само вака сплотени можат да се изборат за своето место под македонското медиумско сонце. Тука планираме да се оствари потесна соработка и на полето на размената на информации, вести, но и програмски содржини и конкретна соработка на полето на маркетингот“, додава Митаноски.
Здружението кое ќе биде регистрирано деновиве веќе го поддржаа 22 медиуми од Охрид, Струга, Кичево, Битола, Прилеп и Македонски Брод.
Основна цел на здружението е да се создаде едно тело од професионалци во својата работа, кои ќе можат да посочат на конкретните проблеми со кои се среќаваат медиумите во државата, особено во помалите средини.
ММИ,во јуни оваа година ја доби лиценцата од Министерството за култура за колективно управување на сродните права на произведувачите на фонограми и на уметниците музички изведувачи, во согласност со Законот за авторското право и сродните права е уште еден шок за медиумите, но и за фирмите во Република Македонија.
ММИ сега бара од хотелите, угостителските објекти, но и од семкарниците, салоните за разубавување, капелите и од производствените погони да плаќаат такса за слушање музика во текот на работното време, односно фирмите сега ќе треба да плаќаат по две такси. Освен на ЗАМП, кој ги штити авторските права на авторите на музика и на кој хотелите, угостителските објекти веќе му плаќаат такса за слушање музика, сега ќе мораат да му плаќаат и на новото здружение Македонска музичка индустрија (ММИ)./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Српски „Телеграф“ објави снимка од возилото со кое бил киднапиран Кајмакоски: „Напаѓачите се во бегство, пејачот пронајден“
Сите елитни единици на српското Министерство за внатрешни работи – УКП, САЈ и Жандармеријата – учествувале во драматичната акција за спасување на познатиот пејач Даниел Кајмакоски (43), кој синоќа бил киднапиран во Белград, јави српски „Телеграф“.
Сè започнало со полициска рација на улицата Караѓорѓева, кога возач на бел „Волво XC60“ не застанал на наредбата од полицијата и започнал бегство во правец кон Бранков мост. Брзо било утврдено дека се работи за киднапирање на познатиот пејач.
View this post on Instagram
При обидот да го запрат возилото, напаѓачите ја пробиле полициската блокада и започнала потера низ градот, движејќи се кон Палата Србија, Арената, па потоа кон автопатот во насока на Шид.
„Во текот на потерата, напаѓачите со пиштол му се заканувале на Кајмакоски и побарале 20.000 евра за неговиот живот. Дополнително се заканиле дека нивни соучесници, кои наводно го надгледуваат неговиот дом, ќе ѝ наштетат на неговата сопруга и деца“, пишува „Телеграф“.
По поминувањето на патарината Шимановци, возачот направил грешка под притисокот од полицијата и кај исклучувањето за Рума удрил во заштитна ограда. Двајца вооружени напаѓачи побегнале во темнината, додека полицијата во возилото го пронашла врзаниот Даниел Кајмакоски.
Теренот околу Рума моментално е под целосна блокада. Специјалците од САЈ и Жандармеријата користат службени кучиња и најсовремена термовизиска опрема во потрагата по бегалците, кои, според исказот на жртвата, комуницирале на турски јазик.
Вишото јавно обвинителство го квалификувало случајот како киднапирање, пишува „Телеграф“.
Македонија
СДСМ бара одговори: Како пет тони дрога ја поминаа границата без да се забележи
По случајот со заплената на 5 тони дрога во Србија, за која постојат индиции дека потекнува од Македонија, СДСМ повикува на одговорност од институциите и посочува на можен организиран криминал со политичка поддршка.
„Цела недела помина без одговор: како е можно 5 тони дрога да ја поминат македонската граница без никој да одговара?“, прашуваат од СДСМ во денешното соопштение, посочувајќи дека ваков криминал не може да се одвива без логистика, поддршка и заштита од структури на власта.
Од партијата потсетуваат дека на граничните премини постојат камери од проектот „Сејф сити“, скенери, мобилни царински служби и други форми на контрола, што, според нив, ја прави невозможна ваква пратка да помине незабележано.
СДСМ истакнува дека случајот во Србија, според информации во медиумите, е поврзан со владејачката партија СНС – сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, како и со државни функционери.
„Ова е организиран криминал со политичка заштита. Кој во врвот на власта, во МВР, Царината и другите надлежни институции е соучесник?“, прашуваат од СДСМ.
Од партијата обвинуваат и за дефокус: „Наместо одговори, гледаме обиди на власта за дефокус преку медиумски кампањи, со цел политичка злоупотреба и напади врз СДСМ.“
СДСМ порачува дека „картелскиот скандал води до врвот на власта“ и дека мора да има одговорност.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис
Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана на својот криминал кој изминативе денови се запленува во форма на дрога од неговата му родна Струмица, велат од ВМРО-ДПМНЕ по објавата на експремиерот Заев на социјалните мрежи, во која тврди дека владејачката партија шири лаги.
„Негови први пријатели на кои им даваше тој заедно со Венко Филипче лиценци за одгледување на марихуана за медицински цели, гледаме деновиве дека тие за тоа не го користеле канабисот туку за нелегална продажба на нелегален продукт – дрога.
Над 20 тони дрога беа изнесени само од фирмата “ЦБД Медплант” во сопственост на Христијан Котев, син на Тони Котев, претседател на ОО Ново Село во времето на Заев. Заев и Венко им дадоа лиценци на овие луѓе, а гледаме како заврши истото.
Заев е таткото на бизнисот со Канабис. Оттука нека каже дали неговото семејство и нему блиски луѓе се влезени во тој бизнис? Зошто јавно лаже?
Дополнително, за тоа дека градел облакодери во Дубаи има сведоштва од негови познаници и соработници кои јавно тоа го кажуваат. Заев треба јавно да каже врз кој основ и како стигнал до златна виза во Дубаи?
Заев е исплашен до толку од одговорност што по се изгледа, почнува да станува клаустрофобичен?
Заев се потврди дека ја води СДС, а Венко е парадерот. Одговорност и правда ќе има“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

