Македонија
Лекарите во понеделник на протест, потоа на разговори со министерот

Лекарите во понеделник ќе излезат на мирен протест за време на паузата од 11.30 до 12 часот, а потоа ќе седнат со Министерот за здравство Никола Тодоров да разговараат за нивните барања.
Ова е исходот од денешната средба меѓу Тодоров и синдикатите. Тодоров се согласи лекарите да протестираат за време на паузата бидејќи немало да се загрози здравјето на пациентите, а здравствени установи ќе работат без прекин.
Самостојниот синдикат на Клиниките е незадоволен од судската одлука која им забрани во понеделник да штрајкуваат, бидејќи според системот на работа во болниците, работата за време на штрајк требало да ја организираат директорите.
Протестот го поддржува и самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, но не и новоформираниот „Мајка Тереза“.
Основниот суд Скопје 2 во четвртокот го забрани штрајкот на лекарите кој беше закажан за во понеделник.
Образложението на судот за забраната е поради тоа што Самостојниот синдикат на клинички центар не доставил правила според кои ќе се одвива штрајкот, односно не било организирано работењето на Клиниките за време на штрајкот, во смисла дали ќе се примаат пациенти или не.
Министерството ја оспори одлуката за штрајк, тврдејќи дека не бил поминат рокот за преговори меѓу министерството и синдикатот.
Лекарите, пак, сметаат дека му дале доволно време на министерот за здравство, Никола Тодоров, да разговараат за новите правила за плаќањето по учинок.
Одлуката на судот не им забранува на лекарите од Клиничкиот ценат да закажат нов штрајк, откако ќе ги исполнат законските процедури./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна.
„На 15.10.2025 во 11:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека Н.К. од струшкото село Велешта, при изведување градежни работи на улицата „Браќа Миладиновци “ во Струга со работна машина го поткопал темелот од јужниот ѕид на спомен куќата-музеј на Владо Малески, која претставува споменик заштитен како значајно културно наследство“, велат од МВР.
На местото извршиле увид претставници на Завод и музеј – Охрид, заедно со полициски екипи. По целосното расчистување на случајот, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство“, согласно член 264 од Кривичниот законик.
Македонија
За 30 дена ќе ставам крај на депониите во Гази Баба, рече кандидатот на СДСМ за градоначалник, Митовски

Кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ, Влатко Митовски, најави дека во првите 30 дена од преземањето на функцијата ќе го реши проблемот со сметот и дивите депонии во општината.
„Нема повеќе да има диви депонии зад контејнерите, ниту општината ќе создава сопствени депонии. Отпадот ќе биде одложуван на пропишани и контролирани локации, а комуналното претпријатие повторно ќе стане функционално,“ порача Митовски.
Тој го обвини актуелното раководство дека четири години не успеало да воспостави систем за редовно собирање на отпадот, поради што комуналните служби се во целосен колапс.
Македонија
(Видео) Коњановски: Хотелот „Битола“ ќе се адаптира во Дом за стари лица – проект по иницијатива на граѓаните

Кандидатот за градоначалник на општина Битола, Тони Коњановски, порача дека секој голем проект започнува од гласот на граѓаните и дека заедничкото размислување, пишување и работа се клучот за подобро секојдневие.
„Една од најзначајните иницијативи што ја предложија граѓаните е адаптацијата на хотелот ‘Битола’ во Дом за стари лица – место кое ќе овозможи достоинствен живот, грижа и внимание за највозрасните сограѓани“, изјави Коњановски.
Меѓу останатите приоритетни предлози се: бесплатен оброк за сите ученици од 1 до 3 одделение, обезбедување униформи за децата од 1 до 5 одделение, организација на летни кампови за деца од социјално загрозени семејства, зголемување на капацитетите на градинките, како и продолжување на акцијата за отстранување на дивоградбите и гаражите, особено во Нова Битола.
„Вистински избор се проектите создадени од граѓаните, за граѓаните. Вистински избор е заедничкиот труд – кога гласот на граѓаните станува проект што го менува секојдневието“, нагласи Коњановски.