Македонија
Јанкулоска: Безбедносната состојба во Арачиново е стабилна
Безбедносната состојба во Арачиново е стабилна и нема посериозни нарушувања, заклучија по денешната посета на полициската станица во Арачиново, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, министерот за локална самоуправа Невзат Бејта и градоначалникот на Арачиново, Бастри Бајрами.
Во првите шест месеци од годинава, во оваа скопска општина, регистрирани се 40 кривични дела, најмногу кражби во куќи и продавници.
Во делот, пак, на јавниот ред и мир во првото полугодие од годинава регистрирани се вкупно пет прекршоци од кои сите се расчистени и документирани.
Сепак дел органите на локалната и централната власт се сместени во несоодветни простории, па градоначалникот побара од МВР, дел од просториите во министерството да бидат отстапени за префрлување на матичните служби, служби за социјални работи и друго.
Министерката Јанкулоска изрази подготвеност да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните, па во таа насока, во наредниот период, работни групи ќе изработат предлог за евентуална реализација на ваквата идеја. Исто така, заеднички беше заклучокот дека сместувањето во ист објект на полицијата и други органи кои се во служба на граѓаните ќе допринесе во натамошно продлабочување на довербата на граѓаните кон институциите. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.




Македонија
Стабилно и студено со ниски утрински температури
Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредниот период
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

