Македонија
Бесими на меѓународна конференција за лидери на Јеил

Во следните два дена министерот за одбрана Фатмир Бесими на покана на Форумот на млади глобални лидери, ќе биде дел од меѓународната конференцијата која е во рамките програмата за „Основите и вредностите на глобалното лидерство на 21-иот век“, на Универзитетот Јеил во Њу Хевн, Конектикат, САД.
Бесими заедно со младите глобални лидери ќе ги разгледаат предизвиците во економската, политичката и безбедносната стабилност и перспективи фокусирајќи се на глобалните предизвици и ризици, информираат од неговиот кабинет.
Пораката која Бесими ќе ја испрати пред младите глобални лидери од светот е дека евро – атлантската интеграција на земјите од Југоисточна Европа претставува гаранција за мир, стабилност и развој на регионот. Односно, евроатлантската перспектива успеа да воспостави мир во регионот преку воведување на принципи и стандарди за функционална демократија и отворена пазарна економија. Сепак овој процес се покажа како долг и сложен кој опфаќа усогласување и достигнување на постојните економски резултати на земјите на ЕУ и НАТО.
„Доколку го споредиме стандардот на живеење меѓу членките на ЕУ и НАТО и земјите од Југоисточна Европа, ќе видиме огромни разлики. БДП по глава на жител во Југоисточна Европа е за шест пати понизок, додека невработеноста е за два пати повисока од во споредба со земјите во евро – зоната. Овие бројки укажуваат на големи разлики во стандардот на живеење меѓу земјите од ЗБ и ЕУ и НАТО“, смета Бесими кој своето мислење ќе го сподели со младите глобални лидери.
Тој во Универзитетот „Јеил“ во Њу Хевн, Конектикат, САД ќе нагласи дека земјите од Балканот денес се сè поблиску до интеграција во ЕУ и НАТО.
Меѓутоа, задоцнувањето на членството во НАТО и ЕУ, во услови кога се почувствуваат ефектите од европската економска криза, сè уште отворените политички прашања во регионот може лесно да се претвори во безбедносно-политички предизвик за стабилноста и развојот на регионот. Со цел да се обезбеди одржлив мир и стабилност, неопходен е развој и интеграција која обезбедува економски просперитет.
Во пост-конфликтен регион со етничка и религиозна разноликост, помирувањето и градењето на доверба се предуслови за успешна интеграција. Интеграцијата преку почитување на разноликоста е основа за одржлив мир и просперитет.
Имајќи ги предвид предизвиците од отворените прашања во регионот, многу важно е интеграцијата да се случи што е можно побрзо. Во интерес е на земјите од Југоисточна Европа, ЕУ и НАТО овој регион да се интегрира во евро – атлантската заедница. Цената на изоставување на регионот е повисока од цената на негово вклучување.
Потребни се дополнителни напори од дете страни, земјите од Југоисточна Европа и евроатлантската заедница за успешно завршување на процесот на интеграција, обезбедувајќи на тој начин цврста основа за мир и економски развој, е пораката која е биде изнесена од министерот Бесими на Форумот на млади глобални лидери од светот на Универзитетот „Јеил“ во Њу Хевн, Конектикат, САД./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Салиу: Промена во Шуто Оризари мора да има

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Шабан Салиу, во предизборно видео обраќање повикува за промена и за враќање на локалната власт во Шуто Оризари кон реални резултати и отчетност.
„Осум години слушаме едно исто: големи зборови, мали дела“, порачува Салиу.
Осврнувајќи се на политичката недоследност на актуелното раководство, тој додава дека „Курто Дудуш денес не знае ни од која партија е. Те СДСМ, те ЛДП, те ДОМ, те ДУИ и која уште не.“
Во видео пораката, Салиу нагласува дека промена во Шуто Оризари мора да има, промена за подобра инфраструктура и урбан развој.
„Промена за подобро образование, култура и идентитет. Промена за подобро здравје и социјална заштита. Промена за подобра локална економија и нови работни места. Промена за зелено и транспарентно Шуто Оризари“, додава Салиу.
Салиу нагласи дека неговата кампања е заснована на мерливи цели и институционална одговорност.
„Нашата понуда е едноставна — работа што се гледа и отчетност што се чувствува. Општината мора да стане сервис на граѓаните, а не приватна сцена на поединци“, порачува Салиу.
Завршувајќи ја видео пораката со повик за граѓанска мобилизација на изборниот ден, Салиу апелира: „На 19-ти октомври заокружете го бројот 24 – НЕ ВЕТУВАМЕ, ОСТВАРУВАМЕ.“
Македонија
Венецијанската комисија преглага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието, а Уставот да се измени за да се ограничи неговиот реизбор.
Во мислењето се нагласува потребата при изборот да се вреднуваат и менаџерските и организациските способности.
Комисијата препорачува и поголема транспарентност при изборот на членовите на Советот на јавни обвинители, суспендирање на функцијата на обвинителите додека се членови на Советот, како и дополнителни заштитни мерки за автономијата на обвинителството.
Актуелните членови, според предлогот, би ја завршиле својата функција до истекот на мандатот.
Македонија
„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионери“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година еднократната парична помош за пензионерите се зголемува од 2.500 на 5.000 денари.
„Двојно ја зголемуваме еднократната парична помош, од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите чии пензии се до висина на просечната пензија. Покрај тоа, го реализираме и нивното барање и ќе изградиме дом за стари лица во Центар. Нашите баби и дедовци заслужуваат да живеат посреќно, за Центар што го сакаме“, вели Герасимовски.
Тој, потенцира дека домот за стари лица е предвидено да се изгради на Водно и ќе има капацитет за 50 лица, по европски стандарди, со 24 часовна медицинска помош.
Герасимовски истакнува дека продолжуваат и бесплатните еднодневни екскурзии низ Македонија за да им се овозможи на сениорите дружење и рекреација.