Македонија
Претседателот Иванов се сретна со заменик-генералниот директор на УНИДО, Нишикава
Претседателот Ѓорге Иванов во четвртокот се сретна со Таизо Нишикава, заменикот генерален директор на УНИДО – Организацијата на Обединетите нации за индустриски развој.
Нишикава го запозна претседателот Иванов со активностите на организацијата, како и со резултатите од досегашната соработка со Македонија.
Шефот на државата изрази целосна поддршка за отворањето на Одделение за пречистување на електрични генератори во фабриката „Раде Кончар“ во Скопје, кое е веќе во оперативна фаза.
Нишикава го информираше Претседателот и за другите проекти кои се во план на имплементација, со особен акцент на проектот за чистење на техничкиот отпад и деконтаминација на почвата околу фабриката „ОХИС“. Овој проект, кој ќе биде спроведен преку кофинансирање од страна на Македонија и Глобалниот еколошки фонд, е единствен од ваков карактер и ќе биде пример и за останатите земји кои ќе аплицираат за финансиска поддршка на слични проекти.
Во рамките на мисијата на Заменикот генерален директор на УНИДО е и одржувањето на Форумот за менаџирање на отпадите, на кој беа демонстрирани предностите од новите технологиите за деконтаминација на почвата и отпадот во фабриката „ОХИС“.
Во тој контекст, претседателот Иванов нагласи дека тоа е прашање од исклучително значење за Македонија и проблем кој налага што поскоро решавање, и изрази подготвеност лично да се вклучи и да помогне во тој процес до мера која ќе биде соодветна и од корист за целиот проект.Македонскиот претседател ги поздрави напорите и подготвеноста на УНИДО за тесна соработка и помош на Владата на Република Македонија за справување со ова прашање, како и успешноста на досегашните реализирани проекти.
Соговорниците се согласија дека одржливиот индустриски развој во согласност со воспоставените еколошки стандарди е од приоритетно значење, и се заложија за интензивирање на соработката во иднина. Претседателот најави дека во наредната прилика кога ќе престојува во Виена, со задоволство ќе го посети седиштето на УНИДО.
Република Македонија повеќе од 25 години е помеѓу земјите во светот кои покажаа особен успех и напредок во имплементацијата на Меѓународните конвенции во областа на заштита на животна средина, поконкретно заштитата на озонската обвивка и безбедно управување со хемикалиите. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

