Македонија
Г.г. Стефан: Патријархот Вартоломеј изрази желба за поскоро решение на спорот меѓу СПЦ и МПЦ
Поглаварот на Македонската православна црква, Господин господин Стефан по завршувањето на погребот на бугарскиот патријарх г.г. Максим, се сретнал со Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј, како и со српскиот патријарх г.г. Иринеј.
Вселенскиот патријарх, во присуство на српскиот патријарх изрази искрена желба за што поскоро изнаоѓање на решение за проблемот меѓу СПЦ и ПМЦ, соопштија од МПЦ.
Ова соопштение следува откако нерегистрираната црква Православна охридска архиепископија, на расчинетиот владика Јован Вранишковски, испрати соопштение до медиумите во кое го посочува демантот на Вселенскиот патријарх во врска со средбата со г.г. Стефан.
„1) Неговата Светост Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј му пристапил и го поздравил г. Стефан, при што Вселенскиот Патријарх му посакал на г. Стефан да се најде решение за проблемот, решение коешто ќе ги воведе во каноничноста.2) До Вселенскиот Патријарх стоел и Српскиот Патријарх г.г. Иринеј којшто го споделил ова посакување на Вселенскиот Патријарх.3) Никаква изјава кон средствата за информирање во Софија не била изречена од страна на Вселенскиот Патријарх“ се вели во демантот.
Архиепископот на МПЦ, во интервју за бугарско радио истакнува дека Вселенскиот патријарх изразил подготвеност за признавање на МПЦ./крај/фф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

