Македонија
Ќе се засадат над три милиони дрва низ Македонија
Под мотото „Спортски е да се сади“ во среда се одржува десетта по ред акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.
Оваа година предвидено е да бидат засадени 3,2 милиони садници на површина од 803 хектари, додека од Македонски шуми до крајот на годината ќе засадат уште два милиони садници.
Овој ден е неработен за сите граѓани со цел да се засадат што повеќе дрвца. Чемпрес, црн и бел бор и други дрва ќе се садат на Ајатовски Рид, Водно, Мршевци и други локации низ Скопје и Македонија.
Денешниот неработен ден, ќе се одработува во сабота, на 24-ти ноември.
Во Гевгелија, градоначалникот Иван Франгов и заменик градоначалникот на Пеонија, Христос Каратодорос ќе садат дрва на граничниот простор меѓу Македонија и Грција.
Оваа година организацијата „Ден на дрвото“ е со нов претседател, откако оперскиот пејач Борис Трајанов се повлече од претседателската позиција по расправиите за тоа како се трошат парите. Нов претседател е младиот пејач Боби Симоновски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

