Македонија
Отворен музеј на ОНА во Слупчане
Како дел од прославата по повод одбележувањето на 100-годишнината од независноста на Албанија, во вторникот во селото Слупчане, општина Липково отворен е музеј посветен на конфликтот во 2001 година и Ослободителната национална армија (ОНА), јавува агенцијата на албански јазик, ИНА.
На отворањето на музејот, како што јавува агенцијата, говор одржал лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, а присуствувале и семејствата на загинатите припадници на ОНА.
„Ова е еден посебен момент, еден симболичен ден, ден кога се овековечуваат и се величат неизбришаните траги што ги остави УЧК, втемелени во еден Музеј кој изгледа мал, но има голема душа, има големо значење и голема порака. Ова се неизбришаните траги на најмодерната историја. Ова е најновата историја на Албанците во Република Македонија“ изјавил Ахмети..
Во музејот ќе бидат изложени експонати кои потекнувале од 2001 година, како и книги и публикации посветени на конфликтот од 2001 година.
Музејот, како што пишува агенцијата, во Слупчане бил сместен во комплексот на гробиштата каде се закопани загинатите од конфликтот во 2001 година во Слупчане./крај/ина/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

