Контакт

Македонија

Сончево време, претпладне магла во котлините

Објавено пред

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.

dobivaj vesti na viber

Претпладне по котлините и речните долини ќе има појава на магла.

Температурата ќе се движи од 9 до 16 степени.

Во Скопје температура до 10 степени. /крај/ухмр/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

„Осамна утрото сончево, а сончевите зраци денес темни црнила“: македонската естрада тагува по изгубените животи во трагедијата во Кочани

Објавено пред

Македонската естрада тагува по изгубените животи во трагедијата во Кочани.

dobivaj vesti na viber

Дани Димитровска, Игор Џамбазов, Калиопи, Тамара Тодевска, Антониа Гиговска повторно со емотивни зборови се огласија на социјалните мрежи, денеска кога е закажан погребот на загинатите во пожарот во Кочани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и други големи објекти, бара ЛДП

Објавено пред

„Не може да се најдат вистинските зборови со кои ќе се опишат траорот и тагата од трагедијата која се случи во Кочани и нашите мисли и молитви во овие тешки моменти се со семејствата и најблиските на погодените во оваа несреќна катастрофа. Додека не е повторно предоцна, како партија бараме зголемување на степенот на безбедност во повеќе места“, велат од ЛДП.

dobivaj vesti na viber

„Строга и итна контрола во детските градинки, основни и средни училишта, но и факултети дали и тие ги почитуваат стандардите за безбедност, како и во колективните станбени и во сите останати објекти, каде вообичаено има голема концентрација и фреквенција на луѓе.

Секој од овие објекти мора да има задолжителна опрема за противпожарна/хидрантна заштита, оспособени и јасно означени повеќе излези за итни ситуации, контрола на капацитетите за прием на луѓе во една просторија, како и редовни обуки на вработените, скалите и ходниците за евакуација мора да бидат чисти и слободни, а секој објект да мора да има на јавно и видливо место истакнат План за евакуација и да се утврди дали се почитуваат стандардите за безбедност воопшто.

Најголем дел од младината во Македонија посетува настава во стари, дотраени и често оштетени објекти, кои дури и при најмалата незгода, може лесно да се претворат во стапици за сите кои во моментот ќе се најдат во нив.

Воедно, апелираме на хумано планирање на инфраструктурата, со цел улиците да се секогаш чисти и слободни за проток на противпожарни, полициски и амбулантни возила.

ЛДП апелира до општините да ги стават во функција своите капацитети и согласно своите законски надлежности, да излезат на терен и да постапуваат секаде каде што ќе се воочат недостатоци, без оглед на партиската припадност на сопствениците и функционерите.

Корупцијата, профитот и алчноста од минатото, денес го земаа данокот со десетиците жртви во Кочани, една од најстрашните трагедии кои ја погодиле Македонија.

Овој трагичен период кој ја зави во црно целата земја, нека биде вечен потсетник и последен пат кога сите ние ќе се соочиме со трагедија од ваков тип и големина.

Да покажеме сите заедно дека како општество од оваа трагедија ја научивме лекцијата, да делуваме и да не дозволиме вакво нешто никогаш повеќе да се повтори“, се наведува во соопштението на ЛДП.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Со срца скинати од болка ги испраќаме нашите деца, другари, роднини, пријатели“, се огласи Игор Стефановски-Иџе

Објавено пред

Тажен ден за Македонија… Денес тагува цела нација, со срца скинати од болка ги испраќаме нашите деца, другари, роднини, пријатели, нашите Македонци…, напиша на социјалните мрежи, најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе.

dobivaj vesti na viber

„Земјата нека ви биде лесна, а споменот вечен. Почивајте во мир“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 минути

„Кај еден пациент има подобрување, но претстои голема борба за закрепнување“, се огласија од ВМА во Белград

Поминаа четири дена од трагедијата што го погоди градот Кочани во Македонија, кога во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“...

Топ1 час

Уапсени двајца 18-годишници кои правеа огномет синоќа во Скопје: прославувале роденден во градски парк

Вчера околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се...

Македонија1 час

Ангелов: На погребот во Кочани ќе бидат само најблиските, ужалените грѓани ги молам да не влегуваат внатре

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојнче Ангелов, ги замоли ужалежните граѓани да не влегуваат на гробиштата на денешната...

Македонија1 час

Заменик-министерот за здравство во посета на Клиничкиот центар во Ниш: двајца пациенти се во стабилна состојба, еден е во потешка

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, заедно со претставници од Министерството за здравство, го посетија Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде...

Регион2 часа

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит кон загинатите во Кочани

Неколку илјади луѓе синоќа со едноминутно молчење во центарот на Софија, оддадоа почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Тие...

Македонија3 часа

Денес погребни церемонии за загинатите во дискотеката во Кочани

Погребните церемонии за починатите од пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржат во текот на денешниот ден во Кочани, Штип,...

Топ4 часа

Приведен раководител во општина Маврово Ростуше: побарал поткуп од 13.000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење апартмани

Вчера, полициски службеници го лишиле од слобода С.Е., раководител на Одделението на урбанизам и комунални дејности при општина Маврово Ростуше....

Македонија12 часа

19-годишниот Јован Костадинов спасил 21 дете во пожарот – „Го зеде мојот син и го носеше на својот грб“, сведочи мајка

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е еден од повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“, а денес сите зборуваат за неговиот...

Македонија15 часа

Сите вработени во Кочани утре да бидат ослободени од работа, порача Владата

Владата ги задoлжи државните институции, а препорача и до локалната самоуправа и приватниот сектор да ги ослободат од работа сите...

Македонија15 часа

Притвор за седумте полициски функционери поради издавање на согласност за дискотеката во Кочани

Определен е 30-дневен притвор за седумте службени лица од Штип и Кочани, кои се осомничени за тешки дела против општата...

Македонија16 часа

Палчо си запали цигара откако ја закопавме Вања, ја чистеше лопатата за да прикрие траги, сведочеше Манев

Koга завршивме со закопувањето на Вања, Љупчо Палевски ладнокрвно запали цигара и си го отвори телефонот за да види што...

Македонија17 часа

Во странство се лекуваат стотина млади луѓе по пожарот, уште двајца денес ќе бидат префрлени во Шведска

Министерството за здравство информира за состојбата на пациентите во установите во земјава и странство, согласно воспоставените процедури за известување од...

Македонија17 часа

Полициските функционери кои се приведени дале согласност дека кабарето во Кочани ги исполнува условите за јавен ред и мир без целосна проверка

МВР поднесе кривична пријава против седуммината високи полициски функционери од полицијата во Штип и Кочани за кривично дело „тешки дела...

Македонија19 часа

Клековски: На пациент во Солун му е извршена трансплантација на кожа на рацете, во контакт сме со банка за кожни ткива за да почнат реконструктивни операции

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, на денешната прес-конференција во Владата рече дека натамошните фази за пациентите...

Македонија20 часа

Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе биде утре во Кочани, Штип, Облешево и Скопје

Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе се одржи утре. Погребните церемонии, според надлежните, ќе бидат во 11 часот...

Македонија20 часа

Митева: Од 12 контролирани објекти со активна лиценца, до сега кај три е утврдено дека не исполнуваат услови, следува забрана за вршење дејност

Последните инспекции потврдија сериозни регулаторни прекршувања. Доказите се јасни: од вчерашната направена контрола на 12 објекти со активна важечка лиценца,...

Македонија20 часа

Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во книгата на жалост: Во солзи и тишина даваме почит за жртвите

Денес, премиерот Христијан Мицкоски го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот...

Македонија22 часа

Побаран нов притвор за несреќата во Кочани: вкупниот број се искачува на 18 лица

Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд доставил предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа за...

Македонија22 часа

Добра вест е што поминаа критичните 72 часа и не почина ниеден од преживеаните, 101 пациент се во странство, рече Таравари

Министерот за здравство Арбен Таравари утрово со олеснување извести дека поминале критичните 72 часа за повредените во пожарот во Кочани....

Македонија23 часа

Андреј и Сара од ДНК ќе бидат погребани утре во Скопје

Трагично загинатиот пејач на групата „ДНК“, Андреј Ѓоргиески ќе биде погребн утре, 20 март на градските гробишта во Бутел. Информацијата...