Македонија
Лекарите побараа прием кај Иванов и Вељаноски
Лекарите во четвртокот побараа прием кај претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.
Членови од Самостојниот синдикат на клиничкиот центар ги доставија до овие институции барањата поради кои штрајкуваат.
Меѓу барањата тие им доставија и примероци од турскиот и американскиот модел на плаќање по учинок, за да се направи споредба каков е овој модел во овие земји и како се применува во Македонија.
Се очекува во петок, лекарите своите барања да ги достават и до премиерот Никола Груевски. Лекарите веќе 14 дена штрајкуваат против моделот „плаќање по учинок“ и бараат зголемување на платите.
Медицинските сестри од скопските клиники, кои се приклучија на штрајкот на лекарите пак изјавија дека добиле допис од Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита дека до Министерството за здравство поднеле предлог за промена на колективниот договор со кој треба да се намалат бодовите за пресметка на платите на медицинските сестри, а да се зголемат на лекарите.
Претседателот на Самостојниот синдикат на здравство, фармација и социјални работи при ССМ, Љубиша Каранфиловскика пак негира дека дал таков предлог до Министерството за здравство. Според него, нивниот предлог е за да се разграничат коефицинетите за плата меѓу лекарите и сестрите за да се постигне соодносот еден спрема два./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Обвинителството најави повеќе информации по завршување на акцијата.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

