Македонија
Лустрирани двајца наредбодавачи, академиците „чисти“

Комисијата за верификација на фактите лустрираше двајца наредбодавачи, а за петмина академици кои беа на дневен ред донесе решение дека не биле соработници на тајните служби.
Едниот од наредбодавачите работел како секретар во службите за безбедност, а потоа бил и амбасадор на Македонија во пријателска земја. како и претседател на Друштвото на писатели во Македонија.
Другиот наредбодавач стигнал до функцијата заменик министер за јавна безбедност. Едниот од нив имал таканаречена „црна листа на писатели“, кои според него биле „подобни“ или „неподобни“.
Нивните документи ќе бидат јавно објавени во рок од три дена.
На дневен ред на денешната седница на Комисијата за лустрација, беа и петмина академици, но ниту еден од нив не е лустриран. Еден од академиците бил и поранешен член на Советот за радио дифузија.
За сите академици се воделе досиеја и биле следени, меѓутоа членовите на Комисијата не нашле документи дека академиците биле соработници на тајните служби./крај/фф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар
Македонија
Нормализиран сообраќајот кон Граничниот премин Јажинце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека нормализиран е сообраќајот на патниот правец Тетово – ГП Јажинце кај село Рогачево, во двата правци и граничниот премин Јажинце.
Патот беше затворен поради пожар.