Македонија
Сончево и студено време со ниски утрински температури
Времето во Македонија во четврток ќе биде сончево и студено со многу ниска утринска температура.
Температурата ќе движи од -9 до 5 степени.
Во Скопје температура до 0 степени. /крај/ухмр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мисајловски – Мелсом: Македонско – норвешката одбранбена соработка се развива со засилено темпо
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ја прими амбасадорката на Кралството Норвешка акредитирана за нашата земја Кристин Мелсом со која разговараше за интензивирање на одбранбената соработка помеѓу двете сојузнички земји. Министерот даде полна поддршка за реализација на започнатите проекти и порача дека македонската одбрана и Армија се целосно посветени на реализацијата за сите активности кои ја зацврстуваат националната и колективната безбедност во Алијансата.
„Ви благодарам за вашата континуирана долгогодишна поддршка. Заеднички реализиравме многу проекти, но не застануваме тука – остануваме посветени во развојот на нови проекти вклучувајќи го и проектот за развој на цивилниот кадар чија реализација ќе започне во април годинава“, рече тој.
Двете земји соработуваат и во рамките на Балканските медицински наменски сили каде Норвешка е земја партнер и го поддржува развојот на медицинските сили. Во тој контекст, министерот Мисајловски изрази подготвеност нашата земја во 2026 година да биде домаќин на Комитетот на команданти на воено-медицинските сили на земјите на НАТО. Воедно беше потврдена соработката и во други области, како заедничко учество на вежби, соработка во доменот на односи со јавност, поддршка на РЦОЈ и АП Криволак, соработка меѓу воените академии и др.
Македонско-норвешката соработка во одбраната датира од 2008 година кога беше потпишан и Меморандумот за соработка. Во моментов двете земји работат на усогласување на Планот за билатерална соработка во одбраната за 2025 година.
Македонија
Филипче: Идеалите на Гоце живеат – Македонија мора да остане слободна и праведна
Денес го одбележуваме ликот и делото на нашиот најголем борец , револуционер и визионер, Гоце Делчев. Во неговата борба се вградени сите социјалдемократски вредности. Тој се борел за слободна Македонија, демократска во којашто се гарантирани индивидуалните слободи на луѓето и секако правдата. Неговите мудри мисли се актуелни и релевантни и денес, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод 153 годишнината од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев.
„Tргнал во борба повикувајќи ги сите луѓе без разлика на нивната етничка, национална или политичка припадност, поради тоа што имале една цел, а тоа било слободна држава“.
Ние денес, додава Филипче, треба да продолжиме во тој манир, да ги надминеме разликите, кога станува збор за националните интереси и сите заедно да се бориме за уште попросперитетна и интегрирана во Европската Унија, Македонија.
Македонија
Катерина Бошковска нова директорка на Козле
Министерството за здравство информира дека за нова директорка на УК за респираторни заболувања кај децата Козле е именувана Катерина Бошковска, која, како што појаснуваат во соопштението, над дваесет години е дел од тимот на оваа установа.
„Д-р Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија.
Во рамки на наставно образовната дејност е вклучена во активностите на катедрата при УКИМ и во последните пет години има објавено голем број научни трудови.
Министерството се заблагодарува за досегашниот ангажман на претходната директорка д-р Каролина Симоновска“, истакнуваат од ресорното министерство.