Македонија
Лажна состојба за безбедноста води кон нарушување на меѓуетничките односи
Лажно презентираната фактичка состојба за безбедноста на Македонија може да биде само обид да се нарушат меѓуетничките односи, вели министерката Гордана Јанкулоска во интервју за „Радио Слободна Европа“.
„Крајно неиздржано е некои политичари да се обидуваат да го градат сопствениот рејтинг или рејтингот на нивната партија преку импровизации и шпекулации по однос на безбедноста на Република Македонија“, вели Јанкулоска.
Според неа, за инцидентите кои се случуваа неодамна не може и не смее да има толеранција, ниту од страна на политичарите, нити од страна на институциите.
За случајот „Монструм“ Јанкуловска вели дека судот побара да не се изнесуваат дополнителни информации во јавноста, а за кој судењето почнува за само неколку дена.
„Јас во оваа прилика верувам дека кај вас и кај граѓаните ќе наидам на разбирање за мојата воздржаност по однос на коментирање на конкретни чекори и активности што се преземаат или што може да бидат преземени во иднина, бидејќи сепак, најважно за сите нас е овој случај да добие судска завршница“, додава Јанкулоска.
Смета дека кога имаме зголемен број инциденти во автобусите, на спортските натпревари, имаме оперативни сознанија за недозволена трговија со луѓе во некои од баровите некаде на територијата на Република Македонија или имаме какви било индиции за можно проблематично однесување на одредени лица, тогаш се разбира дека полицијата треба, мора и може да пристапи кон засилена примена на оперативно собирање информации по однос на сторителите на тие кривични дела, по однос на луѓето кои провоцираат или креираат инциденти и се разбира дека сето тоа се прави во непосредна координација со јавниот обвинител и во постапка утврдена со закон.
„Значи не постои ни најмал простор за граѓаните да се сомневаат или да стравуваат за нивните слободи и права, меѓутоа онака како што е во земјите членки на ЕУ“, вели Јанкулоска во интервјуто за „Радио Слободна Европа./крај/рсе/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

